Мицкоски: Се што договоривме со Синдикатот за повисоки плати во здравството, како Влада ќе го испочитуваме, продолжува растот на плати

January 3, 2025
1 min read

Претседателот на Владата на Република Македонија, Христијан Мицкоски, денеска одговарајќи на новинарско прашање поврзано со тоа дали Владата ќе го почитува договорот за повисоки плати во здравството посочи дека оваа Влада ги почитува сите договори дури и тие преземени од претходната Влада.

-Владата секако дека ги почитува договорите, па дури и оние коишто се преземени како обврска од претходната Влада, но тоа е што е, а камо ли па своите договори. Ние имаме договор со синдикатите, постигнавме историски договор со синдикатите на долг рок во следните четири години и после оние првични 10% зголемување на паричната маса за исплата на плати, па во рамките на таа парична маса кај техничкиот персонал имаме поголемо процентуално зголемување, кај докторите помало, но генерално оние 10% зголемена парична маса во октомври се случи, односно од ноември за октомври, истото тоа сега ќе се случи од април за март практично, тие 5% ќе се зголеми и така ќе се зголемува во следните 4 години. Рековме доколку буџетот дозволува просечно таа парична маса за исплата за плата на вработените во здравството ќе биде зголемена до 50%, нешто што претставува историски голем успех би рекол и ќе продолжиме понатаму да го подржуваме здравството, објасни премиерот Мицкоски.

Претседателот на Владата Мицкоски посочи дека во наредниот период ќе има и структурни реформи во здравството за граѓаните да ја добијат здравствената услуга која им е потребна.

-Сега ќе следат и структурни реформи во овој процес и мислам дека со тек на време граѓаните ќе ја добијат онаа здравствена услуга којашто им е потребна. Тука ве молам да не ги заборавиме и оние специјализанти коишто исто така рековме ќе бидат вработени, обезбедивме средства за истите и истите тие ќе бидат вработени, да не биде голгота како до сега, по принципот како до сега, кажа премиерот и додаде:

„Да не заборавиме и дека повеќе од 1.000 нови вработувања ќе имаме во здравството, нешто што го ветуваше и министерот за здравство. Процедурата е почната само треба оние формални чекори да бидат завршени, така што навистина многу внимание ќе посветиме и посветуваме на здравството.“

ИЗВОР: kurir.mk

MARKETING

MARKETING

Претходно

Студен бран и нови снежни врнежи во западниот дел на Балканот

Следно

Од месец март линеарно зголемување на пензиите за 2.500 денари

Latest from Blog

На Петар Богојески не му е „по ќејф“ македонското новинарство

Петар Богојески, сега веќе поранеше директор на Националната агенција за европски образовни програми (НАЕОП, позната и како Еразмус+), а иден професор на Воената академија, и во овој трансфер период се пресметува со

Ердоган: Турција инвестираше 300 милијарди долари во транспортната инфраструктура

Турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган изјави дека Турција инвестирала 300 милијарди долари во транспортни проекти, што ја прави земјата клучен геостратегиски центар. Говорејќи на Глобалниот форум за транспортна поврзаност што се одржува

Филипче ќе присуствува на Конгрес на СПД во Берлин и ќе има средба со германскиот вицеканцелар Клингбајл

Претседателот на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија (СДСМ) Венко Филипче де дека ќе присуствува на конгрес на германската Социјалдемократска партија (СПД) во Берлин, во чии рамки ќе има средба со вицеканцеларот на Германија и

Реал Мадрид ќе има нов тренер

Кошаркарите на Реал Мадрид станаа шампиони на Шпанија прексиноќа, бидејќи ја „исчистија“ Валенсија со победа од 3:0 во финалната серија, но таа титула не го спаси работното место на тренерот Чус Матео.

Трамп: Прекин на огнот во Газа ќе биде постигнат „во текот на следната недела“

ВАШИНГТОН (АА) – Наскоро ќе биде постигнат прекин на огнот во Појасот Газа, изјави денес американскиот претседател Доналд Трамп, јавува Анадолу. „Мислам дека е блиску“, им рече Трамп на новинарите во Овалната
Go toTop