Мицкоски: СДС и ДУИ бараат спас во корумпираното судство, тоа им е последно танго за избегнување одговорност

September 30, 2025
1 min read

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски на денешниот митинг во Струга, посочи дека една од картите на кои игра опозицијата, СДС и ДУИ е барањето на спас во корумпираното судство и обвинителство.

Според Мицкоски многу е јасно зошто се кријат за правосудниот систем.

„Тоа им е последното танго за спас на нивните кариери и шанса да одбегнат одговорност. Oд месечината се гледа дека последниот бастион на криминалот во државата остана судството и обвинителството кое ги штитат и СДСМ и ДУИ како бели мечки“, кажа Мицкоски.

Мицкоски посочи дека нема ниту еден случај кој институциите им е предочен, а истиот да завршил со обвинителен акт за било кој поранешен висок функционер.

„А случаи има колку сакате, само недостасува волја. А нема волја затоа што судот и обвинителството главни се аргатите на СДС и ДУИ. И со оваа корупција имам намера посебно да се занимавам по локалните избори, затоа што мора еднаш за секогаш да се стави крај со овој перманентен бастион на криминалот“, вели Мицкоски.

Мицкоски објасни дека не може да има слободни корумпирани политичари, ако нема корумпирани обвинители и судии што ги штитат тие политичари.

„Затоа по изборите следат реформи кои ќе ја откријат и вистината и ќе ја донесат правдата во нашата држава. Таа пресметка нема да биде политичка, туку пресметка за докажување на правдата која народот на Македонија ја заслужува“, заклучи Мицкоски.

Извор: kurir.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MARKETING

Претходно

Престрелка во Србија: Жена е убиена, петмина се ранети, едно лице с ебори за живот- причината била навивачка кавга

Следно

Едно лице загина, а дваесет се повредени во рускиот напад врз Днепар

Latest from Blog

Гарант не сте знаеле: ЗА ШТО СЛУЖИ ‘“ЛЕПТИРОТ“ НА МАШИНАТА ЗА ПЕРЕЊЕ и зошто вратата на машината СЕКОГАШ Е ЗАТВОРЕНА

Машините за перење имаат различни функции, но многумина од нас дури и не ги користат повеќето од нив. И не само тоа, туку многумина дури и не знаат за што служи. Иконата

Поранешен словенечки министер за внатрешни работи е осомничен за соработка со Кавачкиот нарко клан (ВИДЕО)

Словенечката полиција го претресува неговиот дом по наредба на Специјалното државно обвинителство. Хојс е член на Словенечката демократска партија (СДС), чиј претседател е поранешниот премиер Јанез Јанша. Хојс беше министер од 2020

Едно лице загина, а дваесет се повредени во рускиот напад врз Днепар

Во денешниот руски напад со беспилотни летала врз градот Днепар, едно лице е убиено, а 20 други се повредени, изјави началникот на воената администрација на регионот Днепар, Сергеј Лисак, пренесува Укринформ. „Едно
Go toTop