Мицкоски: Реновирањето на студентските домови е значаен проект, студентите ќе имаат повеќе од добри услови

July 29, 2025
1 min read

Премиерот Христијан Мицкоски го посети студентскиот дом „Кузман Јосифовски – Питу“ во Скопје, каде што изврши увид во градежните активности за енергетски ефикасна рехабилитација на објектот. По увидот, премиерот се обрати пред медиумите со изјава за значењето на овој проект за студентите и младите луѓе во земјата.

„Ова е многу значаен проект, не само за овој студенстки дом, туку генерално за сите. Долго време беше заглавен во лавиринти, во процедури, конечно е одглавен.

Навистина голем напор од страна на министерството и мислам дека сето она за кое што зборуваше министерката ќе се случи.

За нас е важно да се заврши овој проект и конечно младите луѓе, студентите да добијат, јас би рекол повеќе од добри услови за сместување. Барем од тоа што успеавме да видиме, една просторија како сето тоа би излгеладо внатре, мислам дека тоа и вашите сниматели го проследија. Споредено со тоа како било порано станува збор за огромна разлика.

И навистина ќе уживаат во совладувањето на материјата на факултетите и универзитетите.

Јас можам само да посакам успешно студирање, сите оние технички и финансиски параметри од овој проект ги кажа и министерката, можам само да посакам побрзо да се заврши проектот и студентите да почнат да се вселуваат бидејќи тоа ни е нас најважно.

Во текот на следната година очекуваме да почнат полека да се вселуваат студентите.

Така што продолжуваме со она кое што го кажуваме, дека како Влада нашата цел е реализација на проекти, реформи бидејќи тоа го очекуваат од нас граѓаните. Да градиме, а не како што беше во минатото кога владите крадеа и тоа ужасно многу крадеа од граѓаните и ништо не успеаа да направат.“

ИЗВОР: ТВ 21

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

СРПСКИОТ ФИЛМ „ОТЕЦОТ НАШ“ СО МАКЕДОНСКИОТ КОПРОДУЦЕНТ „ДРИМ ФЕКТОРИ“ ЌЕ ИМА СВЕТСКА ПРЕМИЕРА НА ФЕСТИВАЛОТ ВО ТОРОНТО

Следно

Руски напад со беспилотни летала предизвика пожар во земјоделски објект во регионот на Николаев, Украина

Latest from Blog

ЈКП Комуналец – Прилеп: Продолжуваат активностите за уредување на јавните површини

Екипите на ЈКП Комуналец Прилеп извршија поправка на оштетените куќарки во паркот кај Основниот суд Прилеп, еден од најпосетените паркови во градот. Станува збор за простор кој важи за едно од омилените

Борче Димитровски: ОУ „Даме Груев“ добива современи спортски игралишта

Со стартот на новата градежна сезона, започна реализацијата на уште еден значаен проект во Битола – изградба на спортски игралишта во дворот на ОУ „Даме Груев“. Како што информираше секретарот на Општина

Хоџа: Продолжуваме со силни инвестиции во Арачиново

Министерот за животна средина и просторно планирање, Муамет Хоџа, и градоначалникот на Арачиново, Даут Беќири, на денешната работна средба го потврдија напредокот на клучните инфраструктурни проекти во општината. Во моментов се активни
Go toTop