Мицкоски првата лопата на странска инвестиција ќе ја фрли на темелите на германската БМЗ која ја договори претходната Влада

September 4, 2024
1 min read

Најголемиот европски производител за литиум – јонски батерии БМЗ Холдинг од Карлштајн на Мајна ги реализира најавите за инвестирање во Македонија со регистрирање на своја компанија во Скопје, а премиерот Христијан Мицкоски ќе присуствува во ТИРЗ Скопје на одбележување на почеток на инвестиција на германската компанија.

На 4 септември 2023 -та година во Франкфурт, Германија, поранешниот вицепремиер задолжен за економски прашања, Фатмир Битиќи присуствуваше на настанот на потпишување на договор со компанијата БМЗ која ќе произведува литиумски батерии во вредност од 65 милиони евра.

По точно една година, во недостаток од реализација на конкретни инвестиции и проекти, туку само спектакуларни најави, во исчекување на унгарскиот кредит Мицкоски не само што го најави како свој, туку рече и дека ќе присуствува на започнување на камен темелникот во текот на утрешниот ден во Технолошко индустриски развојни зони -ТИРЗ.

Информацијата дека оваа германска компанија е БМЗ, за Рацин.мк ја потвди и Битиќи, а БМЗ својот раст и развој го проектира врз основа на истражување и развој, на напредно знаење, што значи дека во нашето стопанство ќе донесе иновативни технологии, практики на управување и експертиза, кои воедно може да се пренесат и на домашните компании во Северна Македонија.

Тоа значи дека и Македонија ќе биде индустриски извозник на литиум – јонски батерии, кои економистите во последно време ги нарекуваат „новото злато“. Македонија има скромен удел во извозот на овој вид батерии, што најчесто се користат за напојување на мобилни уреди, со само 2.000 долари во 2019 година, покажуваат податоците на World’s top exports. Спорд информациите на „Фактор“, БМЗ Холдинг во Македонија ќе произведува батерии за помали возила, како тротинети и велосипеди.

BMZ прави батериски системи за широк опсег на апликации, па дури и „сториџи“ за складирање на електрична енергија произведена од соларни панели и турбини на ветер. Баварскиот гигант има околу 2,3 илјади вработени и проценет годишен приход од 460 милиони евра.

Групацијата BMZ развива и произведува високотехнолошки батериски системи, кои се инсталирани низ целиот свет во најразновидните производи на познати брендови. Произведува и батериски системи со свои брендови. Освен производител, компанијата за себе вели дека е брзорастечка компанија и лидер во иновациите, најновите технологии и производствени процеси. Освен што е лидер во научно-истражувачката работа на ова поле, има и широкораспространета мрежа на клиенти. Има повеќе од 230 инженери во истражувачкиот центар. Компанијата развива повеќе од 100 нови производи секоја година.

Инаку литиумот за батерии неколку години наназад ја менува геополитичката слика на светот. Неговиот електрохемиски потенцијал го направи стратешки метал за иднината, особено на автомобилската индустрија. Побарувачката за литиум во светот е се поголема. Најголем производител на литиум-јонски батерии е Кина, а најголеми европски потрошувачи се Германија, Велика Британија и Франција. По глава на жител водат скандинавските земји.

ИЗВОР: racin.mk

MARKETING

MARKETING

Претходно

ВМРО-ДПМНЕ: Бисера Антоанета не знаела да сопре со трошење народни пари, на патување во Ријад и Брисел пак си купувала кошули, маици, дресови, и повторно куфер

Следно

ПОЧИНА ПЕЈАЧОТ НА „РИБЉА ЧОРБА“ БОРА ЃОРЃЕВИЌ

Latest from Blog

Индија и Пакистан договорија прекин на огнот

Индија и Пакистан се договорија за целосен и итен прекин на огнот, рече пакистанскиот вицепремиер Исхак Дар. Секретарот за надворешни работи на Индија, Викрам Мисри изјави дека и Индија и Пакистан „ќе

Протест „Марш на ангелите“ во Кочани

Молчешкум, со насолзени очи, но со високо кренати фотографии од своите загинати чеда, мајките од Кочани чии деца настрадаа во пожарот во дискотеката „Пулс“ и денес побараа правда за трагичниот случај што

ЕФА усвои резолуција за заштита на македонскиот идентитет во земјите на ЕУ и земјите кандидати, поднесена од МАЕИ и ОМО Илинден Пирин

Европската слободна алијанса (ЕФА) на Генералното Собрание одржано во Нант, Франција денеска усвоила резолуција за заштита на македонскиот идентитет во земјите на ЕУ и земјите кандидати, поднесена од Македонска алијанса за европска

Убиството во Штип организирано преку мобилна апликација

Основното јавно обвинителство во Штип отвори истрага против петмина турски државјани осомничени за убиството на 25-годишен сонародник, што се случи вечерта на 8 мај во угостителски објект на Градскиот плоштад „Слобода“. Судот
Go toTop