Мицкоски: Програмата која ја ветивме во најголем дел Вие ја остваривте

August 23, 2025
1 min read

На настанот Саем-Отчет под мотото „4 години работа за тебе“ кој започнува денес претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски имаше свое обраќање.

-Честта е одгромна да се присуствува на политичкиот саем кој е одговор на прашањето што работеа градоначалниците на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата во последните черити години. Тоа за нас претставува и одговорна одговорност, затоа што не бегаме од сите наши решенија, од целата наша работа и од проектите кои ги направивме изминатите четири години, рече Мицкоски.

Во обраќањето тој потенцира дека вредноста на една личност не се состои од зборовите туку од делата, не од памфлетите, туку од енергијата вложена за постигнување на успех.

– Образот и честта се најскапата работа која може да се задржи и за која нема манипулации, лажења ниту неискрен однос. Поважно од сè е стоечки исправено со гордо крената глава да качеме дека поминавме низ еден тежок период, каде во исто време ги вадевме општините во бездната во која беа, последно долгогодишно запоставување и решевавме проблеми на граѓаните, рече Мицкоски.

И додаде дкае од тие четири години, три години секој градоначалник на ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата имаше централна Влада која немаше слух и имаше други и поинакви приоротети на чија листа не беа локалните проблеми на граѓаните.

-Со сопствени сили и без партнерски однос со Владата, општините и градоначалниците ги решаваа проблемите. Минувавме сами без помош каква треба да има од сопствената Влада. Низ секоја непогода, поплава, пожар, блокирани сметки какви затекнаа по последните локални избори. Измамени граѓани, додаде тој.

-4 години подоцна највредната работа е што немате ниту една афера зад себе, ниту еден криминален случај и ниту една работа со која ќе донесете срам кон партијата кон вашите семејства и најважно кон граѓаните, потенцира Мицкоски.

– Навиките и искуството од минатото говорат за огромната надменост, бахатост, многу криминални зделки кои нанесуваа срам и голема дамка врз општините и неодговорност спрема граѓаните. Покажавме дека 4 години работиме за секој еден човек и дека програмата која ја ветивме во најголем дел вие ја остваривте, потенцира Мискоски во обраќањето на Саем-Отчет.

Извор: kurir.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Распишан е референдум во Република Српска за пресудата на Додик, објавено е прашањето

Следно

Земјите на НАТО и испорачаа оружје на Украина во вредност од 50 милијарди долари во 2024 година

Latest from Blog

И Здравје и работа: Одлуките за рударството треба да се темелат на науката, стручноста и институционалната контрола

Јавната дебата за иднината на рударството во Македонија мора да се води со факти, стручни аргументи и почитување на различните ставови, а не преку ширење страв, непроверени тврдења и лични дисквалификации, порача

ВИДЕО | ХОРОР ВО РОДНИОТ ГРАД НА ЗЕЛЕНСКИ: Руски дронови погодија трговски центар, 16 лица загинаа

Спасувачите во Кривји Рих и натаму се борат со последиците од еден од најтешките напади врз градот во последниот период. Во разорниот руски напад со беспилотни летала врз трговски центар загинаа 16

Проданоски: По повеќе од 40 години, монументалната скулптура повторно се враќа во Прилеп

Прилеп добива нова уметничка и урбана димензија преку поддршката на 18-тата Ликовна колонија „Марко Цепенков“ – Дрен, со посебен фокус на создавање монументални скулптури. Градоначалникот на Општина Прилеп, Дејан Проданоски, истакна дека

Димитриеска-Кочоска: Нема лиценца без проверка на репутацијата, интегритетот и потеклото на парите

Министерството за финансии продолжува со имплементацијата на новиот Закон за игрите на среќа и за забавните игри, кој беше донесен на крајот на јуни, со цел воспоставување современа регулатива, посилна контрола
Go toTop