Мицкоски: Посветено ќе работиме на одблокирање на евроинтеграциските процеси, но тоа не зависи само од нас

August 27, 2024
2 mins read

Ние сме за одблокирање на евроитеграциските процеси и ќе работиме посветено на таа агенда, но од другата страна треба да имаме партнер со кој ќе можеме да комуницираме. Во Бугарија на 27 октомври се закажани избори, до тогаш тие имаат техничка влада. После тоа се надевам дека ќе има политичка влада и се надевам дека со таа политичка влада ќе можеме да седнеме на маса и да најдеме заедничко решение со кое конечно ќе се тргне децениската блокада која ја имаме како држава во евроитегративниот процес, посочи денеска премиерот Христијан Мицкоски и додаде дека нивниот став е принципиелен – за се треба двонасочна улица.

-Остануваме посветени. Реформскиот план е она за кое денеска зборуваме и е дел од ЕУ-агендата. Продолжуваме понатаму да работиме за полноправно членство во Европската Унија, ќе ги решаваме домашните проблеми, ќе правиме реформи. Тоа што е до нас ние ќе го завршиме, но за жал тој процес не зависи само од нас, рече Мицкоски во одговор на новинарско прашање за процесот на уставните измени на денешната заедничка прес-конференција во Владата со министерот за европски прашања Орхан Муртезани.

Прашан дали има други креативни решенија доколку Бугарија не сака да репреговара за уставните измени, Мицкоски рече дека треба да почекаме да се избере политичка влада во Бугарија и да се отвори дијалог со нив.

-Ние сме соседи и треба да градиме добри добрососедски односи. Впрочем имаме и таков Договор за добрососедство кој треба да биде основа за да можеме да продолжиме понатаму. Додатоците од типот на Француски предлог можат да имаат уште еден додаток – Француски предлог плус итн.. Убеден сум дека нашиот источен сосед ако го гледа и својот интерес ќе му стане јасно дека процесот на преговори мора да почне за нас ако сакаме да имаме една целина како Балкан која ќе биде дел од Европската Унија. Убеден сум дека таму има политичари кои тоа сакаат да го видат, потенцира Мицкоски.

Тој потсети дека граѓаните кај нас се соочија со барања и понижувања како ниедни други граѓани кои се дел од сите земји кои порано беа дел од источниот блок кога пристапуваа кон членството во Европската Унија.

-Скоро 20 години сме кандидати за членство во ЕУ, а скоро 25 години поминаа откако го потпишавме Договорот за стабилизација и асоцијација, дури и пред некои земји кои сега се членки на ЕУ. За жал поради непринципиелни барања и поради домашни политичари кои, на сметка на сопственото богатење и корупција, прифаќаа се и сешто ние не сме во можност да продолжиме понатаму, рече Мицкоски.

Министерот за европски прашања Орхан Муртезани истакна дека уставните измени беа тема за која беше разговарано во текот на формирањето на Владата и додаде дека тоа се правеше без да биде ставена на маса како ултиматум, туку како грижа за да се забрза интеграцијата на земјава во Европската Унија.

-Сакавме да дадеме дополнителна динамика на почетокот на работата на Владата за сите заеднички да се фокусираме како да најдеме заедничко решение. Затоа има многу големи и чести средби помеѓу претставниците на Владата и пошироко. Сметам дека за проблемот на уставните измени, кој не зависи само од нас, ќе се најде решение кое дефинитивно ќе го одблокира патот на земјава кон Европската Унија, потенцира Муртезани.

ИЗВОР: kurir.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MARKETING

Претходно

Метрото во Солун ќе биде пуштено на 30 ноември

Следно

Ако Мицкоски сакал „вистински“ да ги пријави луѓето кои му понудиле поткуп, ќе го прашал Тошковски како се прави тоа

Latest from Blog

Слот потврди: Исак утре ќе дебитира за Ливерпул

фото: LiverpoolFC (X) Новото име во нападот на Ливерпул, Александар Исак веројатно ќе го има своето деби за „црвените“ утревечер кога тимот ќе игра против Атлетико Мадрид во Лигата на шампионите. Менаџерот

Брод со судански бегалци се запали покрај либискиот брег, најмалку 50 мртви

Меѓународната организација за миграција (ИОМ) денес соопшти дека најмалку 50 лица загинале откако брод со 75 судански бегалци се запалил во близина на либискиот брег во неделата. ИОМ соопшти дека им обезбедува

„И врапчињата знаат дека ДУИ раководи со Дрисла, ѓубрето во Скопје е резултат на неспособноста на Арсовска и нејзините другари од ДУИ“

На сите им е јасно кој раководи со јавните претпријатија во град Скопје. Дури и врапчињата знаат дека конкретно со Дрисла раководи ДУИ. Дрисла, ѓубрето во Скопје и состојбата во Дрисла е

Меџити: Нов кампус за Универзитетот „Мајка Тереза“ со инвестиција од 40 милиони евра

Во текот на денешната владина седница, беше донесена историски важна одлука за високото образование – Универзитетот „Мајка Тереза“ во Скопје добива во трајно користење парцела од 31.434 м² на која ќе се

Болната семејна судбина на Роберт Редфорд: Зад неговата насмевка, се криеја две големи трагедии

Познатиот актер Роберт Редфорд никогаш не живеел типичен живот на позната ѕвезда. Одамна се пензионираше од јавноста и поминуваше време со својата сопруга Сибил. Иако рече дека таа му го променила животот,
Go toTop