Мицкоски по средба со МАСИТ Комората: Инвестираме во ИТ секторот бидејќи е важен за развој на економијата и државата

November 6, 2024
2 mins read

„Најпрвин дозволете ми да изразам моја огромна благодарност до претседателката на МАСИТ Комората, бидејќи нашата соработка и нашата комуникација трае од пред неколку години кога како политичка партија бевме во опозиција, еве сега продолжуваме и кога сме столб на Владата и мислам дека за време на овие години секогаш кога и да сме имале состанок со претседателката, но и со соработниците со коишто таа функционира секогаш тоа биле конструктивни средби, средби од коишто произлегле многу идеи, предлози и средби коишто резултираат и со политики, понатаму коишто ние како Влада почнуваме или во периодот којшто следи ќе почнеме и ќе ги водиме.

Навистина е импресивен фактот дека како ИКТ индустрија имаме повеќе од половина милијарда евра извоз во 2023 година и тој претпоставувам продолжува да расте, тоа е нешто коешто додава вредност во нашата домашна економија.

Голем дел од овие луѓе коишто работат во ИКТ индустријата, тоа се повеќе од 20.000, мислам дека во 2023 година повеќе од 21.000 се вработените во ИКТ индустријата од тоа што можев да го видам, се луѓе коишто останеле тука, дома, во Македонија и од тука се борат не само за своето семејство и својата егзистенција туку и за својата татковина и тие луѓе лично од мене имаат огромна почит нормално имајќи превид дека се дефицитарни и дека имаат поголема понуда и секогаш луѓето коишто останаа тука и коишто се борат за својата татковина од мене ќе ја имаат почитта и секогаш ќе имаат приоритет во политиките коишто ги води оваа Влада, а политиките на оваа Влада се да ги привлечеме младите коишто за жал ја напуштија да си се вратат дома и од тука заедно да се бориме да направиме нешто за татковината и мислам дека тоа Македонија го заслужува.

Денеска направивме еден рекапитулар на сето она коишто во минатото го говоревме, нормално добивме идеи, предлози коишто до сега биле дисфункционални, дел од тие и веќе ги имплементираме ќе ве потсетам пред нешто повеќе од една недела започнавме со оној проект на нудење услуги на граѓаните со коишто нема да има понижувања, шалтерски чекања итн. се сеќавате како беше кога се вадеа пасоши, лични карти, возачки дозволи. Ќе ве потсетам дека пред повеќе од една недела во Аеродром отворивме таква канцеларија која што нуди повеќе од 120 услуги, меѓу кои се и изводи од матичната книга на родените, стаж, катастарски услуги итн. и тоа продолжуваме да го правиме во други општини во државата.

Дигитализацијата на општеството ја покажавме како наша амбиција со тоа што имаме посебно министерство за дигитална трансформација и навистина министерството работи посветено, за овие неколку месеци се направија навистина големи чекори напред. Очекувам така да се продолжи и во иднина. Не е доволно, денеска разгледавме неколку параметри, очекувам информатичката култура во државата да се зголемува да биде што повеќе достапна и што повеќе корисници да има, барем да го стигнеме европскиот просек, сега сме под тој европски просек. Јас како инженер лично го стимулирам тоа и ќе го поддржувам, тука не треба да имаме никаква дилема.

Така што да заокружам овие средби се за нас од исклучително големо значење. Во периодот кој што следи ќе продолжат. Уште еднаш да искажам моја голема благодарност и до претседателката на МАСИТ Комората и на членките и на луѓето кои се дел од МАСИТ Комората и продолжуваме понатаму заедно да се движиме напред и да ја развиваме татковината.“

ИЗВОР: kurir.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Уапсени се девет лица поради нереди на протестот во Нови Сад

Следно

Нема договорено средба Мицкоски – Радев во Будимпешта

Latest from Blog

Николоски: Околу шест милиони евра инвестираме во инфраструктурниот развој на Кичево

Заменик претседателот на Владата и министер за транспорт, Александар Николоски, денеска оставри работна посета на општина Кичево, каде со градоначалникот Александар Јовановски изврши увид во реконструкција на улица Рудничка. Ова е проект

ИЗИР: Македонија не смее да го пропушти моментумот за одржливо искористување на минералните ресурси

Македонија не смее да го пропушти моментумот што се создава во Европа во однос на обезбедувањето критични минерални суровини и да дозволи потенцијалот на домашните наоѓалишта, меѓу кои и Иловица–Штука, да остане

Општина Битола: Градот го слави ослободувањето низ „Сите бои на сеќавањето“

Под слоганот „Сите бои на сеќавањето“, Битола го одбележува 4 Ноември, Денот на ослободувањето на градот, со програма што ги поврзува историската меморија, културата, спортот и хуманоста. Настаните се одржуваат од 30

Тоневски од Пробиштип: Довербата и транспарентноста се клучни за рамнотежа меѓу рударството и екологијата

Придобивките од рударството за општините мора да се разгледуваат заедно со грижите на населението и потребата од континуирана заштита на животната средина, порача градоначалникот на Општина Пробиштип, Тони Тоневски, кој учествуваше на

Коњановски: Документарните приказни од секојдневието се посебната вредност на „Камера 300“

Градоначалникот на Битола, Тони Коњановски, го отвори 34-тото издание на Интернационалниот фестивал на аматерскиот документарен филм „Камера 300“, истакнувајќи го неговото значење за културниот живот на градот и за зачувувањето на наследството
Go toTop