Мицкоски: Планот за чист воздух на СДСМ беше најден со метар прашина, сами не можеле да го најдат

November 28, 2024
2 mins read

Претседателот на Владата Христијан Мицкоски на денешната собраниска седница за пратенички прашања потенцираше дека минатата власт не оставила ниту проекти, ниту пари за изградба на когенеративни централи, додека планот за чист воздух за кој зборуваат од 2018 бил заборавен со метар прашина на него, самите СДСМ не можеле да го најдат, а воедно не е точно дека парите во буџетот се намалени за заштита животната средина, поголеми се од тоа што биле.

„Каква е реалноста, што оставивте ниту локација, ниту проект, ниту пари, ништо. Сè уште зборуваме за истите проекти кои на времето сме ги зборувале. Врз основа на сите анализи 60% од овие ПМ 10 и ПМ 2,5 честички доаѓаат поради начинот на затоплување и согорување од фосилно гориво, не се виновни граѓаните таков е стандардот, алтернатива никој не им донел“, изјави премиерот Мицкоски одговарајќи на прашање од пратеничката Сања Лукаревска.

Мицкоски посочи когенеративните централи ќе бидат приоритет, дека се работи на 4 до 5 вакви локации за да бидат изградени когенеративни термоцентрали што ќе значат и затоплување преку топловодно греење и производство на електрична енергија во оние периоди од годината кога тоа ќе дојде, но бидејќи минатата власт не остави ништо, за да се испроектира сето тоа, тендерот би започнал во 2026 година.

„Во Скопје првата да ја изградиме под услов да не бараме приватен партнер бидејќи не сте оставиле ништо, тендерот најрано ќе се распише 2026 година, до тогаш треба да се сменат планови.  Има локации каде има плански документации каде се предвидени такви парцели, тие се три што постојат, две во Скопје и една во Куманово, утре да почнеме за да го испроектираме сето тоа треба најмалку година и половина. Затоа не ги гледате средствата во овој буџет, но ако видите во функции на држава ќе видите дека постојат за ваков тип на активности со прераспределба да го завршиме“, рече Мицкоски.

Во однос на депониите премиерот Мицкоски потенцираше дека во моментот се одглавени 5 милиони евра за Дрисла од ЕУ заглавени од време на СДСМ.

„Во моментот тече тендерот за депонија во Свети Николе финансирана од ЕУ. За години од денеска ќе речат дека е добро затоа што тоа ќе го реши проблемот од Берово и Куманово, отпочнат е процесот за депонија во Новаци и тоа ќе го реши проблемот од Дебар до Битола и Новаци. Недостасува само обиколницата околу Ресен која ќе ја решиме за да не поминуваат камионите во градот, особено не кога има берба на јаболка“, изјави Мицкоски.

Одговарајќи на прашањето за новите автобуси во Скопје, премиерот Мицкоски нагласи дека парите ги нема во овој буџет затоа што истите сега ќе се купат, а отплатата ќе почне во 2028 година.

„Нема да ги видите парите во овој буџет за новите автобуси затоа што ќе бидат купени, а обврските ќе почнат да доспеваат февруари-март 2028 година, во тој буџет во 2028 ќе ги видите, затоа што условот за да влеземе во овој процес е да има најмалку 3 години грејс период и отприлика 100 до 120 автобуси можеме да си дозволиме и тие нема да завршат само во Скопје, туку и во другите градови каде има организиран јавен превоз, најголемиот дел ќе се во Скопје, ние сме влада на цела држава. Ако биде сè како што треба до крај на оваа година очекувам тендерот да биде објавен, сè ќе биде врз основа на законите“, изјави премиерот Мицкоски.

ИЗВОР: ТВ 21

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Славески до приватните превозници: Немојте да наседнувате на манипулациите на Арсовска, таа е непредвидлива жена.

Следно

Почна судењето против жената, обвинета за убиство на сопругот и свекорот во Кратово

Latest from Blog

Проданоски: Традицијата на Св. Никола е темел на духовноста во Прилеп

Градоначалникот на Прилеп, Дејан Проданоски, упати честитка по повод големиот христијански празник Свети Николај Чудотворец – патрон и заштитник на градот, истакнувајќи дека овој ден има особено значење за сите прилепчани. Тој

Ким Кардашијан има 50 елки во вилата: „Изгледа како магацин“

45-годишната ријалити ѕвезда сподели видео од импресивната глетка на својот Инстаграм. Огромните елки, покриени со вештачки снег и украсени со илјадници бели светла, го исполнија пространиот влез и дневната соба. „Ова е

Ристовски за МИА: Создаваме европски стандарди во спортот, а не привремени резултати

Министерството за спорт не може да креира успеси во спортот. Успесите ги креираат федерациите, клубовите, тренерите. Ние сме тука да направиме услови што е можно подобри за тие луѓе да можат да

7 ретки особини на личноста поради кои луѓето потајно се заљубуваат во вас

Постојат луѓе кои имаат некаква тивка, речиси незабележлива привлечност. Тие не се најгласни во просторијата. Не се наметнуваат. Немаат потреба по секоја цена да остават впечаток. И сепак, нешто кај нив ги

Наполи во војна со Милан: Алегри го нарекол менаџерот на Наполи – „кретен“

фото: Nicolò Schira @NicoSchira (X) Тренерот на Милан, Масимилијано Алегри, го навредил менаџерот на Наполи, Габриеле Оријали, за време на полуфиналето од Суперкупот на Италија (0:2). Инцидентот се случил за време на
Go toTop