Мицкоски: Пензиите се зголемуваат, а сиромаштијата се намалува

January 3, 2026
1 min read

Ставот на Владата е јасен, нашиот чекор што го направивме можеме да го аргументираме, а потврда дека сме направиле добар чекор се и објавите на Државниот завод за статистика кои деновиве излегуваат и се коментираат во јавноста околу лаекенските индикатори, односно нивото на сиромаштија, џини-индексот, нерамномерната распределба на доходот. Тука имаме добра вест, а тоа е дека се намалува стапката на сиромаштија, ако во 2021 година била 23%, сега е 21,9 во 2024, а во 2023 била 22,2%. Џини-индексот, односно нееднаквата распределба на приходите, ако биле 30,3 во 2023, во 2024 е 29,1 и е најдобар во регионот, па и кога ја гледаме нееднаквата распределба на доходот дури е над европскиот просек, истакна претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски во интервју за „Вечер.мк“.

Мицкоски истакна дека одлуката на Владата за зголемување на пензиите ќе влијае позитивно врз намалувањето на стапката на сиромаштија со акцент на пензионерите и дополнително намалување на џини индексот.

-И во 2024 година е овој индикатор, зголемувањето прво линеарно од 2.500 денари беше во ноември месец, што значи дека има мало или незначително влијание во овој параметар, а во 2025 веќе очекувам точно да се види дека нашата одлука за ваков тип на зголемување на пензијата ќе влијае многу позитивно врз намалувањето на стапката на сиромаштија со акцент на пензионерите и со дополнително намалување на џини-индексот, односно нееднаквата распределба на доходите, што за државата ќе значи многу бидејќи светските агенции го ценат кредитниот рејтинг на државата токму и врз основа на вакви параметри, рече претседателот Мицкоски и додаде:

„Така што мислам дека таа политика си го даде својот резултат и апсолутно стоиме позади исправноста на тие чекори. Постојат структури кои го предизвикаа Уставниот суд и ќе видиме како тоа ќе заврши, а јас не би сакал да ги коментирам одлуките на Уставниот суд“.

Извор: kurir.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Анџелина Џоли го посети граничниот премин Рафа кон Појасот Газа

Следно

Потпретседателката на Венецуела бара доказ за живот, не е познато каде се наоѓа Мадуро

Latest from Blog

Утре вонредна седница на Владата

Владата утре ќе одржи вонредна седница со почеток во 11 часот. Според најавите, на седницата, ќе се разговара за состојбата со бензините пред можното ново покачување на цените како резултат на растечките

Македонската армија ќе добие нови пушки од САД

Македонија е меѓу земјите кои ќе добијат ново пешадиско вооружување во рамки на договор што го додели Пентагон на американската компанија Colt’s Manufacturing Company, со максимална вредност од 40,86 милиони долари. Како

„Милионерите“ со два гола во судиско продолжение до три бода

фото: Borussia Dortmund (X) Фудбалерите на Борусија (Д) ја забележаа четвртата последователна победа во Бундеслигата, бидејќи вечерва како гости го совладаа тимот на Штутгарт со резултат од 0:2. „Милионерите“ продолжија со потера
Go toTop