Мицкоски: Овој Конгрес не е само организациска обврска, туку мост меѓу она што бевме и она што мора да станеме

December 6, 2025
1 min read

Христијан Мицкоски, претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, на отворањето на денешниот 18-ти Конгрес на партијата кој се одржува во спортскиот комплекс ,,Јасмин” во општина Кавадарци под мотото „Визија што гради држава – За генерацијата што доаѓа 2030“, имаше свое обраќање, каде истакна дека Македонија треба да избере зрелост и визија наместо ситни пресметки. Тој нагласи дека промените произлегуваат од луѓе кои не се помируваат со ограничувањата и дека Македонија има многу поголем потенцијал кој треба да се ослободи.

-Во секој политички миг постои прашање што ја мери зрелоста на една нација: дали сме генерација што сака да го продолжи обичајот на очекување, или да ја прекине навиката на одложување? Денес, овде, изборот веќе е направен. Нема враќање назад. Овој конгрес не е само наша организациска обврска; тој е мост меѓу она што бевме и она што мора да станеме. И токму затоа, нашата одговорност не е да ја повториме историјата, туку да ја создадеме иднината што тие пред нас ја посакувале, а ние сме должни конечно да ја реализираме, посочи Мицкоски.

Мицкоски нагласи дека Македонија има многу повеќе капацитет, многу повеќе талент и сила, и како што вели тој, треба да се врати чувството дека земјата не се води според притисоци туку според принципи.

-Сето што го говоревме денес не е политичка желба, туку државничка потреба. Затоа што државата не може да чека. Иднината не може да се паузира. Македонија нема едно столетие да се подготвува за тоа што треба да го направи денес. Ова е моментот кога мора да ја избереме зрелоста пред личните комфорности, долгорочноста пред ситните пресметки, обединувањето пред поделбата. Затоа што народ што се плаши од сопствената сила станува плен на туѓите слабости. А народ што верува во својата мисија станува пример и за себе, и за светот, рече Мицкоски и додаде:

„Во сите овие години научивме дека најголемата промена не доаѓа од декларациите, туку од луѓето што одбиваат да се помират со тоа дека ова е максимумот на државата. Македонија има многу повеќе капацитет, многу повеќе талент, многу повеќе неискористена сила од она што го гледаме. Нашата задача е да ја ослободиме. Да го запалиме тој жар. Да го вратиме чувството дека оваа земја не се води според инерција, туку според визија. Не според притисоци, туку според принципи. Не според страв, туку според достоинство“.

Извор: kurir.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Комерцијална банка и Макпетрол со најголем неделен промет, МБИ10 со благ раст

Следно

Израелскиот амбасадор во САД повика на мир со Либан

Latest from Blog

Февруари со надолен тренд на цените на мало

Според најновите податоци на Државниот завод за статистика, цените на мало во февруари 2026 година се намалени во споредба со јануари. Индексот на цените на мало изнесува 99,7, што значи пад од

Вработена од ДЗС Кочани: За Пулс не сум добила никаква документација, подрачното одделение Кочани нема инспектор за заштита и спасување

Во подрачното одделение на Дирекцијата за заштита и спасување во Кочани не е примена документација во врска со дискотеката „Пулс“, сведочеше вработена во ова подрачно одделение. На денешното судење за пожарот во
Go toTop