Мицкоски од Струмица: Почнавме не од нула, туку од минус – не избравме пат на пораз и молк, туку храбро се зафативме да градиме темели!

July 3, 2025
1 min read

„Секој почеток е тежок, но нов почеток – по години тишина, разочарување и неправда – е уште потежок“, порача премиерот Христијан Мицкоски на трибината во Струмица, под слоганот „Една година ги градиме темелите на македонското земјоделство и храна“.

Во обраќањето пред граѓаните, Мицкоски ја опиша актуелната влада како предводник на длабока промена, наследувајќи систем со „оштетени институции, колабирано здравство, молчлива администрација, правосудство без доверба и млади што заминуваат не од сиромаштија, туку од безнадежност“.

„Почнавме не од нула, туку од минус. Не избравме пат на пораз и молк, туку храбро се зафативме да градиме темели – со работа, не со зборови. Почнавме промена која не нуди чуда, туку вистинска борба за секој граѓанин“, рече тој.

Премиерот истакна дека во изминатите 365 дена владата работела на системски реформи, враќање на довербата и стабилизација на институциите.

„Секој одговор даден на граѓанин е победа. Секое чувство на сигурност што се враќа е победа. Секое вратено достоинство е победа“, рече Мицкоски, признавајќи дека сè уште е тешко за многумина и дека резултатите не доаѓаат преку ноќ.

Во говорот беа најавени конкретни мерки за подобрување на јавната администрација – гарантирана услуга за граѓаните во рок од 5 дена, нов модел каде институциите ќе ги бараат граѓаните, а не обратно, крај на бирократскиот молк и воведување транспарентност во здравствениот систем преку јавни листи за чекање.

Во образованието, Мицкоски најави воведување предмет за вештачка интелигенција, со цел учениците да бидат подготвени за иднината, а не само за минатото.

Во делот за земјоделството, тој нагласи дека се исплатени над 9 милијарди денари субвенции, доделени се над 2.100 договори за земјоделско земјиште и е зголемен извозот во првиот квартал за 5%.

Особен акцент беше ставен на Струмица, за која Мицкоски рече дека „предолго беше заробена од една фамилија“, најавувајќи убедлива победа на локалните избори оваа есен.

„Ние не одиме по црвени килими, туку работиме со народот. Тие зборуваат за златни визи, ние за златни вредности. Коренот не е во Дубаи, туку тука – во Македонија“, рече Мицкоски.

Завршувајќи го обраќањето, тој порача:

„Ова не е обичен почеток. Ова е почеток што долго го чекавме. Почеток на татковина што ќе обединува, ќе создава можности и ќе остане за генерациите што доаѓаат. Доаѓа времето на Македонија.“

ИЗВОР: ТВ 21

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

ПОЧИНА МАЈКЛ МАДСЕН, ЅВЕЗДАТА НА „КАСАПСКИ КУЧИЊА“ И „УБИЈ ГО БИЛ“ НА ТАРАНТИНО

Следно

Меџити во 24 анализа: Не се плашам дека скандалот со дивоградбите во Чаир ќе дојде до мене

Latest from Blog

Ватикан бара од Трамп итно запирање на воените дејствија во Иран

Државниот секретар на Ватикан, кардиналот Пјетро Паролин, денеска упати необично директен и остар повик до американскиот претседател Доналд Трамп за што побрзо завршување на војната во Иран, истовремено барајќи од Израел да

Средба на Сиљановска-Давкова со словачката европратеничка Мириам Лексман

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова ја прими Мириам Лексман, пратеничка во Европскиот парламент од Словачка, од групата на Европската Народна Партија. На средбата се разговараше за европската интеграција на државата, при што претседателката истакна

Херојот од Кочани доби спомен-обележје: во кобната ноќ возеше повредени, почина наредниот ден

Во чест на Илчо Гоцевски, возачот на Итната медицинска помош кој превезуваше повредени во огромниот пожар во Пулс во Кочани, денеска беше откриено спомен-обележје. Тој почина по исцрпувачката работа, на 17 март

Познати четвртфиналните двојки: Дуели на титаните во Париз, Мадрид и Барселона

Со завршувањето на вечерашните четири реванш осминафинални пресметки во Лигата на шампионите, одредени се сите учесници во четвртфиналето на Лигата на шампионите. ПСЖ – Ливерпул Реал Мадрид – Баерн Минхен Барселона –
Go toTop