Мицкоски: Очекував сите заедно да работиме за интересот на државата и граѓаните, бизнис околината треба да биде што е можно поздрава

November 2, 2024
1 min read

Премиерот Христијан Мицкоски денеска на прашање на новинарите дали треба преку Буџетот да се субвенционираат каматните стапки за бизнисот во однос на кредитот од Унгарија нагласи дека не може да го сокрие неговото разочарување бидејќи очекувал сите заедно, како што рече, да работиме за интересот на државата и на граѓаните и секој да понесе дел од одговорноста.

– Не очекував дека можеби така од другата страна ќе се потпреме на ризик повеќе, дека тие сепак сносат ризик, што е факт, нема дилема дека банките сносат ризик, но исто така и државата сноси ризик и граѓаните. Мораме заедно да го поделиме тој ризик, тоа беше суштината. Но, ние како Влада мораме да напривме се што е во наша моќ, да ја направиме економијата поконкурентна и да обезбедиме повеќе инвестиции, изјави денеска претседателот на Владата, Христијан Мицкоски по извршениот надзор на патниот правец Прилеп-Битола, дел од Коридорот 10д.

Преку добар бизнис и здрава економска средина, дециден е Мицкоски, и граѓаните имаат бенефит, сите имаме бенефит и ние треба се да направиме тоа да се случи. Се што е во наша моќ како Влада, истакна, треба да нарпавиме да се случи.

– Не можам а да не го сокријам моето разочарување. Очекував сите заедно да работиме за интересот и на државата и на граѓаните и секој да поднесе дел од одговорноста. Не очекувам некој да биде алтруиста, не очекував дека банките ќе бидат алтруисти, но исто така не очекував дека ќе се доведеме до една ваква ситуација. Но, тоа е што е, ние треба да се подготвиме и да го помогнеме бизнисот, бизнис околината треба да биде што е можно поздрава. Ние како Влада ќе сториме се што е потребно да ја направиме поконкурентна нашата економија, да ја зголемиме продуктивноста, да го зголемиме вложувањето во инвестиции што ќе донесат поголем извоз и повеќе пари во Буџетот, а со тоа повеќе пари за граѓаните, изјави премиерот.

Мицкоски информира дека се уште не се заврешни тие преговори и се очекува да се доближат уште повеќе ставовите.

– Нашиот став е дека под истите услови сакаме тие 250 милиони да ги дадеме на бизнисот, за да може тој да се развива, односно 3,25 проценти каматна стапка, три години грејс период и дополнителни 12 години рок на отплата, вкупно 15 години, рече премиерот Мицкоски.

ИЗВОР: kurir.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Трипуновски: „Вкуси ја традицијата преку домашна здрава храна“ ќе стане синоним на успешна соработка помеѓу земјоделците и Министерството

Следно

Извештај на ЕК: Земјата останува значително зависна од јаглен

Latest from Blog

Астон Вила се пофали со Руџери и Сузуки

Екипата на Астон Вила пред самиот старт на сезоната, објави дека се засилува со две нови имиња. Тоа се Матео Руџери и Зајон Сузуки. Италијанецот доаѓа од Атлетико Мадрид, за 25 милиони

Академија без студенти, правосудство без судии — деветтата генерација пропадна, нова нема

Анализите покажуваат дека недостигаат и судии и обвинители, но пари за нови кандидати сè уште нема. Новата директорка на Академијата, Ирина Трајкоска-Стрезоски, вели дека се чека на законски измени, а Европската комисија

Првите зборови на Флик по пристигнувањето на ѕвездата во Барса

ФОТО:.facebook.com/fcbarcelona/ Ханси Флик зборуваше за доаѓањето на Родри, добитникот на Златната топка за 2024 година, во Барселона. „Блауграните“ го објавија трансферот на играчот од Манчестер Сити во вторник, 18 август, со договор

Битола презема вонредни мерки против комарците поради ризик од заразни болести

Општина Битола во соработка со Центарот за јавно здравје, денес започна со спроведување на дополнителната дезинсекција, како што беше најавено пред една недела (https://www.bitola.gov.mk/ќе-се-спроведува-дополнителна-дезинс/). Потребата за дополнителна, вонредна ларвицидна и адултицидна дезинсекција,
Go toTop