Мицкоски: Нема зголемување на старосната граница за пензија и на давачките, фокусирани сме на политики за намалување на сивата економија

January 2, 2025
1 min read

Премиерот Христијан Мицкоски во новогодишното интервју за МИА нагласува дека немаат намера да ја зголемуваат старосната граница за заминување во пензија, ниту да ги зголемуваат давачките, што беше предлог на Фискалниот совет, но и дел од препораките на Светска банка. Фокусот е на политики за намалување на сивата економија, намалување на даночната евазија со цел да се соберат повеќе пари во буџетот.

– Апсолутно останувам на ставот, тука не треба никој да има никаква дилема. Тоа треба сите да бидат сигурни дека ние политиките не ги менуваме инстант. Имаме аргументи, се разбира, не сме инаетливи па да речеме не може така кажавме, туку имаме аргументи. Најлесно е да се направи ова кое што е препорака на Фискалниот совет и дел од експертите на Светска банка дека треба да се зголеми данокот на додадена вредност, придонесите за здравствено и пензиско, да се зголеми старосната граница и слично. Ние сме фокусирани на политики коишто ќе значат намалување на сивата економија, намалување на даночната евазија, повеќе пари да собереме во буџетот, истовремено раст на економијата и повеќе пари да собереме на тој начин во буџетот како би можеле сето ова да го сервисираме за што во моментот морам да кажам дека сме апсолутно ликвидни, вели Мицкоски.

Нагласи дека по долго време имало и суфицит во буџетот во октомври, околу 17 милиони евра.

-Најлесно е да удриме на грбот на граѓаните. Тоа нема никогаш да го направиме ако не ги исцрпиме сите можности коишто ги црпиме затоа што оваа Влада е избрана со огромна доверба од страна на граѓаните и таа доверба не смее да ја изгуби со тоа што ќе води дволични лицемерни политики, туку стабилни политики, политики коишто се предвидливи и политики на долг рок. Апсолутно можам да ги уверам граѓаните дека и сега сегашниот закон овозможува за одредени професии да имаат пролонгирано заминување во пензија. Немаме намера да ги зголемуваме старосните граници, немаме намера да ги зголемуваме процентите со коишто ќе се зафаќа за придонесите здравствени и пензиски, немаме намера да го зголемуваме данокот на додадена вредност, немаме намера да интервенираме во успешната приказна наречена рамна даночна политика, нагласи Мицкоски.

ИЗВОР: kurir.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Најмалку 12 мртви во масакрот во Цетиње, сторителот се самоуби

Следно

Додека да биде укинат, Судскиот совет утре избира нов претседател 

Latest from Blog

Претседателот на италијанската федерција побара од Гатузо да остане селектор

Претседателот на Италијанската фудбалска федерација (ФИГЦ), Габриеле Гравина, побара од селекторот Џенаро Гатузо да остане на својата позиција и покрај неуспехот во квалификациите за Светското првенство. Зборувајќи за сопствената иднина, Гатузо рече

Катар: Иран премина многу црвени линии, нападите имаат катастрофални последици

Предупредувањето доаѓа во време кога војната меѓу САД, Израел и Иран продолжува без знаци на крај на повидок, објави Ал Џезира. Ал-Ансари на денешната прес-конференција изјави дека нападите на Иран врз Катар

Баражи за СП: Босна „гори“, ќе игра на Светско, пеналите ја носат и Чешка на Мундијал (ВИДЕО)

Босна слави! Италија не успеа да ја преживее Зеница и повторно не успеа да обезбеди пласман на Светско. Босанците ја победија четата на Џенаро Гатузо по подобро изведување на пенали, откако по
Go toTop