Мицкоски не очекува да бидат нарушени процесите со техничката влада

January 27, 2024
1 min read

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски изјави дека тие остануваат на ставот дека нема да ја поддржат техничката влада.  За медиумите денеска тој изјави дека не очекува турбуленции во претстојните процеси со преодната влада затоа што, рече, „јасен е законот, јасен е Уставот“.

-Со овие луѓе се е возможно, гимнастики, лупинзи, но не очекувам нешто што би можело да го наруши процесот, рече Мицкоски одговарајќи на новинарски прашања на конференцијата што ја организираше Паневропската унија на Македонија.

На прашањето дали очекува нова политика од техничкиот премиер Талат Џафери, одговори дека во изминатите шест и пол години „тој како претседавач со Собранието направил многу противуставни и противзаконски потези“.

-Очекувам продолжување на лошите политики. И ако можеби некогаш сме биле едногласни дека од ова полошо нема, тоа е песимистички став. Треба да сме оптимисти, сепак, очекувам дека во овие сто дена ќе биде полошо, рече претседателот на опозициската партија.

Во врска со иницијативата од СДСМ за формирање европски фронт за изборите, одговори дека „тоа е криминална коалиција која себеси во обид за дефокус се брендира како европска коалиција“.

-Таму нема ништо европско освен тоа што можеби заеднички се договараат како да го осиромашуваат и пљачкаат народот и државата. Тоа е интересот кој ги спојува тие политички структури. Се надевам и, да бидам попрецизен, сигурен сум дека по овие избори таа опција ќе биде жестоко поразена. Ќе може да поминат еден четиригодишен мандат во опозиција, ќе може да се реформираат со нови луѓе, со нови политики и со нови идеи, и по четири години ќе се појават на парламентарните избори и ќе понудат нешто поконкретно и поконкурентно, рече Мицкоски.

Од политички причини гледано, додаде, ги  охрабрува „час поскоро да ја формираат таа коалиција, уште утре ако може“, но како граѓанин на оваа држава, смета дека „граѓаните на 8 мај и претходно на 24 април ќе бидат многу јасни и гласни зад гласачките кутии“.

Коментирајќи ја одлуката на Апелацискиот суд за мерка за претпазливост за осомничениот Беким Незири во случајот „М-НАВ“, Мицкоски рече дека „тоа се реформите кои ги нуди европскиот фронт“.

-Со тупаници упаѓаат во стратешки објекти, го загрозуваат авиосообраќајот, ја загрозуваат безбедноста на македонското небо и на сојузничките летала. И  тие истите за недела-две ќе ги видите како слободно се шетаат по улиците бидејќи имаат свои обвинители и судии . Мора да расчистиме еднаш засекогаш со мафијата која ја поседува Македонија за да ја трансформираме, рече Мицкоски.

Извор: alsat.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Жртвуваа крава за да имаат среќа во репрезентацијата на Египет

Следно

Вучиќ денеска е во Скопје

Latest from Blog

Млекара со доминантен промет преку блок-трансакција – МБИ10 со минимален пад од 0,03%

Вкупен промет од 483,21 милиони денари и стабилен ОМБ – сесијата обележана од блокови Изготвен од Илирика Инвестментс АД Скопје врз основа на официјални податоци од Македонска берза. На берзанската сесија од

Коњановски: Градоначалничкиот мандат започна со нови градинки, спортски терени и дигитализација

Градоначалникот на Општина Битола, Тони Коњановски, го презентираше отчетот за првите 100 дена од новиот мандат, истакнувајќи дека фокусот е на инфраструктура, образование, спорт, култура и енергетска транзиција. Во овој период беше

Никола Ѓурѓај: „Нема да молчиме пред одлуки штетни за македонското население“

Македонското друштво “Илинден“-Тирана остро се спротивставува на отворањето мигрантски центри на територијата на општина Пустец. Сметаме дека ваквата одлука е донесена без претходна консултација со локалното население, без организирање јавна расправа
Go toTop