Мицкоски: Наследивме историски највисоко ниво на долгови, очекувам до крајот на годината оваа ситуација да биде надмината

October 4, 2024
1 min read

Претходната влада не само што го потрошила Буџетот за помалку од половина година, туку и остави долгови од околу една милијарда евра, нешто што претставува историски највисоко ниво на долгови што една Влада го наследила, вели премиерот Христијан Мицкоски, нагласувајќи дека очекува до крајот на годината оваа ситуација да биде надмината.

Прашан околу состојбата на долговите и колку од тие се сервисирани во првите 100 дена, Мицкоски рече дека како Влада, очекува веќе овој месец да бидат на позитивна нула.

– Со реорганизација на Буџетот во овие први 100 дена ако ја споредиме фактичката состојба што ја наследивме како Влада од минус 200 милиони евра или од прилика минус 12 милијарди денари можам да кажам дека веќе овој месец очекуваме да бидеме на позитивна нула, а што се однесува до институциите надвор од владините институции и министерствата и останатите претпријатија можам да кажам дека во моментот АД ЕСМ има евидентирани долгови од прилика нешто повеќе од пет милијарди денари, тоа е нешто над 80 милиони евра и се работи на сервисирање и намалување на истите, ФЗОМ исто така околу пет милијарди денари веќе две милијарди денови ќе бидат вратени оваа година, ќе се обидеме во следната година целосно да дојдеме до состојба нула затоа што кога сте во состојба нула и кога не барате одложено плаќање тогаш и оние коишто ги испорачуваат оние лекарства коишто се потребни за пациентите ќе бидат поевтини и поквалитетни, изјави Мицкоскикој денеска присуствуваше на методско-показна вежба на Армискиот полигон „Криволак“.

Мицкоски, нагласи дека долгови има и кај јавните претпријатија како што се Национални шуми и Водостопанство, каде се речиси милијарда денари.

ИЗВОР: kurir.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Најскапиот квадрат во Србија се продава во комплексот „Белград на вода“- 9.125 евра, најскапиот стан продаден за 955.000 евра

Следно

ЈСП: Бесплатен јавен превоз за Бела ноќ и изменет сообраќаен режим за скопскиот маратон

Latest from Blog

Мадуро во порака повика на мир и единство во Венецуела

„Денес, повеќе од кога било, повикуваме на континуирани напори за консолидирање на мирот во земјата, национално единство, помирување, простување и повторно обединување на сите. Никој нека не отстапува од патот на дијалогот,

Николоски: Поставен нов радарски систем на охридскиот аеродром, создаваме нова слика за аеродромите

Создаваме една комплетна инфраструктурна слика за Охрид и охридското крајбрежје. Инвестициите во инфраструктурата, реконструкцијата и надградбата на охридскиот аеродорм и политиката на провлекување на нови авиолинии ќе донесат бројни патници и туристи

Аеродромот во Охрид влегува во нова ера – ова ќе биде новиот капацитет на аеродромот

На охридскиот аеродром Св. Апостол Павле аеродром Охрид започна сериозна реконструкција, надградба и проширување – прва ваква голема интервенција од неговата изградба досега. Вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски истакна дека
Go toTop