Мицкоски: Намалувањето на царинските тарифи е барање на бизнис заедницата

May 24, 2025
1 min read

Намалувањето на царинските тарифи е барање на бизнис заедницата и тоа не било усогласено со децении, изјави вечерва премиерот Христијан Мицкоски. Посочи дека сега ќе бидат нивелирани 50 проценти од царинските тарифи и ќе важат од 1 јули, а второто намалување ќе биде од 1 јануари 2026 година. 

„Тоа се царински ставки, парафискални давачки, кои имаат намера да го зголемат домашното производство и да помогнат во извозот на домашните производни компании и се усогласуваат со европските, што е многу важно. Педесет проценти од царинските тарифи во моментов ќе бидат нивелирани и ќе важат од 1 јули, а останатите педесет проценти од 1 јануари 2026 година“, рече Мицкоски одговарајќи на новинарско прашање во Македонскиот народен театар, пред почетокот на Свечената академија по повод  23 Мај – Националниот ден на Власите.

На новинарско прашање за најавите на претседателот Доналд Трамп дека ќе воведе царина од 50 отсто за ЕУ и дали тоа може да претставува закана за македонската економија, премиерот очекува дека ние ќе бидеме меѓу оние земји со најниски царински стапки. 

„Нашата царинска ставка во моментот е 10 проценти со САД. Ние со ова усогласување воведуваме царинска ставка од 0 проценти за производите и услугите што доаѓаат од САД, така што очекувам сето тоа да биде препознаено. Веќе сме во сериозни разговори со администрацијата на претседателот Трамп. Јас веќе неколку пати разговарав со американскиот државен секретар за економија Хауард Лутник. Мислам дека ќе бидеме меѓу оние земји кои ќе имаат меѓу најниски ставки откако ќе се потпише тој договор“, изјави Мицкоски. 

ИЗВОР: racin.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Меѓународниот форум за семејство заврши во Истанбул со апел за заштита на семејните вредности

Следно

Променливо облачно и нестабилно време!

Latest from Blog

Британски дипломат протеран од Русија поради обвинувања за шпионажа

Доказите за шпионажа ги открила Московската агенција за безбедност и контраразузнавање, пренесуваат руските медиуми, при што на неименуваниот дипломат му е наредено да ја напушти земјата во рок од две недели. Британската

Министерството за правда и Управниот суд потпишаа Меморандум за соработка

Во пресрет на Денот на правосудството, Министерството за правда претставувано од министерот за правда Игор Филков и Управниот суд претставуван од претседателот на судот, Бурим Сејдини, потпишаа Меморандум со кој се воспоставува

Пред Велигден под лупа: Агенцијата за храна со засилени контроли на јајца, месо и бои

Во пресрет на велигденските празници и традиционално зголемената побарувачка на јајца, бои за јајца, месо и други прехранбени производи, Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) спроведува засилени контроли кај операторите со храна
Go toTop