Мицкоски на важни средби во Вашингтон: Лобираме за македонските интереси!

January 20, 2025
1 min read

За време на посетата на САД, во Вашингтон, претседателот на Владата на Република Македонија, Христијан Мицкоски оствари повеќе активности и средби со истакнати личности од американскиот политички, општествен и економски живот.

Претседателот на Владата, Мицкоски имаше вечера со Девин Нунес, претседавач со советодавното тело за разузнавање на претседателот Доналд Трамп и извршен директор на Трамп медиумската корпорација, Џон Битов – американски бизнисмен со македонско потекло, сопственик на повеќе мултимилионски компании, Марко Галина бизнисмен и одговорен за МАГА во Португалија и Крис Павловски, сопственик на „Рамбл“ групацијата.

На средбата се разговараше за конкретни проекти од областа на економијата, можностите за инвестирање и продлабочена соработка помеѓу двете држави.

„Разговаравме за можноста за инвестиции во Македонија, за конкретни проекти од бенефит за граѓаните. Меѓудругото ги посочив напорите кои Владата ги дава за стабилизирање на економијата, рекордот кој го остваривме во привлекување на инвестиции во државата и поволностите кои се нудат. Воедно ја искористив можноста за лобирање за македонските интереси и позиции во однос на клучните прашања за нас. Станува збор за високо позиционирани луѓе во американското општество со можност за влијание на прашањата важни за нас“, истакна премиерот Мицкоски.

Меѓудругото, претседателот на Владата Мицкоски учествуваше и на прединагурациската свеченост МАГА- бал кој се приредува од поддржувачите на американскиот претседател Доналд Трамп.

Таму Мицкоски оствари разговори со повеќе високо етаблирани активисти и поддржувачи на американскиот претседател, како што е новинарите и медиумските личности Такер Крлсон, Мегин Кели и со Патрик Бет Дејвид бизнисмен и сопственик на американскиот култен бејзбол клуб Њујорк Јенки.

За средбата со еден од највлијателните американски новинари Такер Карлсон, Мицкоски истакна дека тоа можност за размена на мислења и ставови за државата и регионот.

Воедно за средбата за спортскиот гигант Патрик Бет Дејвид премиерот Мицкоски истакна, спортот знае да обединува. Добра прилика за размена на ставови за спортот и она што преставува пасија за многу луѓе.

Денес Мицкоски оствари средба и со Ричард Гренел, нов претседателски пратеник за специјални мисии и политика.

За средбата Мицкоски истакна:

„Разговаравме за актуелните случувања, за предизвиците со кои се соочуваме како држава и нашето остварување на стратешките интереси врзани со членството во Европската Унија. Воедно побарав поголемо ангажирање од нашите стратешки партнери на тој план, како и искористување на потенцијалите на економски план. Се бориме за секој интерес на државата“, посочи Мицкоски.

ИЗВОР: kurir.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Започна второто полугодие – основното училиште во Блаце, 12 ученици, 3 наставници, 1 барака

Следно

Најмладата ослободена палестинска затвореничка: Затворот многу ме смени

Latest from Blog

Проданоски: Соработката меѓу општините е двигател на развојот

Градоначалникот на општина Прилеп, Дејан Проданоски, денеска во Скопје учествуваше на настанот „Унапредување и зајакнување на меѓуопштинската соработка во локалната самоуправа“, во организација на Министерството за локална самоуправа, во соработка со УНДП

Божиновска: Стартува голем инвестициски циклус за енергетска обнова на јавните згради

Денес се одржа онлајн координативен состанок со сите релевантни чинители во процесот на енергетска трансформација, на кој учествуваше и министерката за енергетика, рударство и минерални суровини, Сања Божиновска, при што беше означен

Комерцијална банка најликвидна, а ЗОИЛ Македонија со доминантен блок – МБИ10 со пад од 0,15%

Изготвен од Илирика Инвестментс АД Скопје врз основа на официјални податоци од Македонска берза. На берзанската сесија од 30 март 2026 година, индексот МБИ10 се намали за 0,15% и заврши на 9.918,01
Go toTop