Мицкоски: Лидерската средба е пресериозна тема за да се разговара преку медиуми

March 30, 2025
1 min read

На денешната прес-конференција, премиерот Христијан Мицкоски смета дека предлогот на претседателот на СДСМ Венко Филипче за лидерска средба е пресериозна тема за да се разговара преку медиуми.

-Лидерската средба е пресериозна тема за да се разговара преку медиуми. Од тоа што можев да разберам во јавноста е дека Филипче има некаков предлог, план. Тој може да го соопшти тој план преку прес-конференција, но, доколку цени дека и мене претходно треба да ме информира и запознае, јас сум секогаш тука. Сериозните теми бараат сериозен пристап, рече Мицкоски одговарајќи на новинарско прашање во струмичко Ново Село каде вршеше увид во градежните активности на проектот за изградба на пешачка и рекреативна патека од Ново Село до Мокриево.

Тој рече дека е подготвен да го прими и да поразговараат на оваа тема.

Претседателот на СДСМ Венко Филипче на Донаторската вечер за помош на семејствата на настраданите и повредените во пожарот во Кочани најави дека идната недела во Собранието ќе ги повика на средба лидерите на најголемите политички партии на кои ќе им го презентира неговиот план – што тој смета дека е обврска да се направи за државата бидејќи, рече, „очигледно е дека конвенционалните начини на водење на политика, на политичка борба, не даваат доволно брзо резултати“.

ИЗВОР: ТВ 21

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

КУЧИНОВИЌ, МИЛОШЕВСКИ-ПОПОВА И ВИТОШЕВИЌ ЌЕ РЕЖИРААТ ПРЕТСТАВИ ВО ТЕАТАРОТ ЗА ДЕЦА И МЛАДИНЦИ ГОДИНАВА

Следно

Хамас го одобри новиот предлог на Египет и Катар за прекин на огнот во Газа

Latest from Blog

Анчелоти се врати во Реал и порача: Ова ќе биде добра сезона

Селекторот на Бразил и поранешен тренер на Реал Мадрид, Карло Анчелоти, го посети тренинг-центарот на шпанскиот клуб во Валдебебас. Италијанскиот стручњак се сретна со играчите, а разговараше и со актуелниот тренер Жозе

Се формира огромен Ел Нињо, метеоролозите алармираат за екстремни суши, горештини и поплави

Температурите на океаните во тропскиот дел на Тихиот Океан, кои силно влијаат на временските услови ширум светот, сега се невообичаено високи, објави агенцијата на ОН со седиште во Женева. „Пред нашите очи

Божиновска: Регионалната енергетска соработка е клучна за стабилноста на Југоисточна Европа

Министерката за енергетика, рударство и минерални суровини, Сања Божиновска, учествува на шестото издание на „Thessaloniki Metropolitan Summit“, во организација на „The Economist“, каде во фокусот се клучните предизвици и можности за економскиот

Гана го врати Карлос Кеирош на селекторското место

фото: KickOff Online @KickffMagazine (X) Карлос Кеирош повторно е селектор на фудбалската репрезентација на Гана, откако беше повторно назначен на функцијата помалку од два месеци по оставката. Португалскиот стратег во јули се

Медитеранот врие: Забележана е највисока температура во последните 33 години

Според извештајот, 79 проценти од Медитеранот доживеале силен или посилен морски топлотен бран најмалку еден ден, објавува AdnKronos. Во соопштението се објаснува дека рекордниот температурен рекорд оваа година треба да се толкува
Go toTop