Мицкоски: Ќе одговара секој инволвиран во овој трагичен настан

March 16, 2025
2 mins read

СКОПЈЕ (АА) – Премиерот на Северна Македонија, Христијан Мицкоски, по трагичниот настан во дискотека во Кочани, каде што во пожар животот го загубија најмалку 59 лица, одржа прес-конференција на која соопшти дека ќе одговара секој инволвиран во овој трагичен настан, известува Анадолу.

Според последните информации, најмалку 59 лица го загубија животот, а околу 155 се повредени во пожарот што избувна во дискотека во Кочани за време на концерт на музичка група. Причината за пожарот, според првичните информации, е последица на искри од пиротехниката што се користела за светлосни ефекти на настанот.

Надлежните соопштија дека во тек е увид на местото на пожарот, се собираат сите потребни докази, а досега се приведени повеќе лица што „придонеле“ за причината за пожарот, меѓу кои и сопственикот на дискотеката во Кочани, која работела со „лажна дозвола“.

„Во мојот живот сум имал многу тешки моменти и предизвици, но ова денес убедливо е најтешкиот ден од мојот живот. Ми се кине срцето и немам сила да говорам денес. Скршен сум и мојот дух е срозен“, зборуваше премиерот Христијан Мицкоски на прес-конференцијата за медиумите.

„Се соочувам со систем длабоко корумпиран, кој е создаван и негуван со децении, чиј дел се и лица од сите партии, од секакви профили. Тој систем ако не се сруши, оваа држава нема никогаш да ја биде, тој систем не може да се сруши лесно и брзо затоа што е граден со децении, не со месеци и години“, истакна Мицкоски.

Премиерот Мицкоски во својот говор рече дека влегол во политика за да „промени нешто“ бидејќи, како што нагласи, наишол на „длабоко корумпиран систем создаден и негуван со децении, од кој дел се луѓе од сите партии и профили“.

„Чувствувам длабоко незадоволство, длабока одговорност за сето она што се случи во изминатите децении, како и за она што досега го видов и што доведе до ваква тешка состојба за државата, земјата во која сите живееме, а ова чувство е уште подлабоко сега кога тоа се случи токму сега, неполни девет месеци откако беше избрана оваа Влада што ја предводам“, изјави Мицкоски.

Тој рече дека настанот во Кочани е кулминација на „еден лош, забревтан систем кој ги јаде нашите надежи, а покрај надежите и нашите соништа. Или ќе го победиме ние него или тој ќе оставиме да не победи нас“.

Според него, досегашните информации укажуваат дека објектот каде што избувнал пожарот имал фалсификувана лиценца, која била издадена во март 2024 година преку мито. Мицкоски рече дека станува збор за документ за работа на кабаре, кој е издаден нелегално, со оригинален печат на Министерството за економија и потпис на тогашни официјални лица на тоа Министерство, посочувајќи дека од тоа произлегуваат многу прашања што ќе ги одговори истрагата.

„Оттука, во сето ова што ни се случува и ни се случи, најпрво мора да има кривична одговорност за сите до еден инволвирани, без разлика кој од која институција е, на кое ниво, од која партија, од која професија итн., итн. до последниот. Очекувајте кога станува збор за одговорност, дека нема да има милост. Ќе мора да има одговорност со име и презиме“, рече Мицкоски.

Тој наведе и дека ова не е меѓупартиска битка, туку „битка на чесните против нечесните и корумпираните од сите партии и од сите институции“.

Премиерот изрази сочувство до семејствата и блиските на загинатите во пожарот во Кочани, а на повредените им посака брзо закрепнување.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.

Извор: Anadolu Agency (AA)

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Згрижени вкупно 145 настрадани во трагедијата во Кочани- дел се во Македонија, дел од нив во други држави

Следно

Меџити положи цвеќе на плоштадот Скендербег во чест на изгубените животи: Ја споделуваме болката и се солидаризираме едни со други

Latest from Blog

На Зимските олимписки игри ќе нема агенти на ICE- заканите со протести ги одвратија

Ниту еден агент на американската Служба за имиграција и царинска контрола (ICE) не ја обезбедува американската олимписка делегација на Зимските олимписки игри Милано-Кортина, изјави денес за новинарите висок безбедносен службеник на Олимпискиот

На чичко Драги од Рекорд му е потребна помош: Го чекаат две операции, се наоѓа во болница

Драги Паровски, познат како Чичко Драги од Рекорд, повеќе од 30 години продава дре­бу­лии на својата тезга кај „Рекорд. По операцијата на рак на грло која ја имаше пред неколку години, чичко

Словенија најавува забрана за социјални мрежи за деца под 15 години

Словенечката влада усвои насоки за измени на законот со кои би се ограничило користењето на социјалните мрежи за деца помлади од 15 години, пренесе словенечката агенција СТА. Вицепремиерот Матеј Арчон изјави дека

Димитриеска Кочоска: Буџетските реформи ја зајакнуваат финансиската стабилност

Министерката за финансии Гордана Димитриеска Кочоска заедно со премиерот Христијан Мицкоски и членовите на Владата оствари средба со амбасадорите на земјите членки на Европската Унија, на која се разговараше за спроведувањето на

Под истрага е директорот на Светскиот економски форум поради поврзаност со педофилот Епштајн

Организаторот на самитот во Давос, со седиште во Женева, изјави дека ги испитува информациите од Министерството за правда на САД кои покажуваат дека Бренде имал три деловни вечери со Епштајн и комуницирал
Go toTop