Мицкоски ќе го искористел јавниот притисок за да ги добие оставките на дел од судиите во Судскиот совет

February 9, 2025
1 min read

Премиерот Христијан Мицкоски и покрај тоа што знае дека во раце ги има мнозинството на гласови на пратениците во Собранието, во изјави пред јавноста изјавува дека, ‘ако интерпелациите поминат, односно ако мнозинството пратеници изгласа недоверба, посочените членови на Судскиот совет, како што вели тој, би било доблесно да се повлечат од функцијата. Тој оди чекор понапред и денеска даде ‘условни’ изјави.

„Тоа не значи дека им престанува мандатот на тие членови, сепак тие може да речат не си поднесуваме оставка и ќе останеме и понатаму да го водиме судството со доверба кај граѓаните од два проценти. Условно кажано законот е таков непрецизен и може тоа да се случи и тоа нас нема да не изненади, ако тие одлучат со тоа да живеат. Но ние како политичари толку можеме да направиме, со сила ништо, нив до последно ги штити законот, таков е. Тие може да не поднесат оставка и да речат ќе тераме додека не ни завршат мандатите, што се надевам дека нема да се случи. Мислам дека ќе бидат доблесни и ако се изгласа интерпелацијата, ако заклучокот на пратениците е да има промени таму, тие да си заминат“,рече Мицкоски.

Новите членови на Судскиот совет би се бирале според постоечките законски критериуми вели премиерот Христијан Мицкоски, прашан за интерпелацијата поднесена во Собранието од пратениците на ВМРО-ДПМНЕ, во однос на петмина членови на Судскиот совет. Според него, ако интерпелациите поминат, односно ако мнозинството пратеници изгласа недоверба, посочените членови на Судскиот совет, како што вели тој, би било доблесно да се повлечат од функцијата.

„Да нема дилема кои се алатките, тоа е јавноста. Вистината е најпрецизна во јавноста, ќе се бориме во јавноста. Ценам дека јавноста не е задоволна од работењето на овој Судски совет, од овој состав и мислам дека нема подобра алатка од јавност“,вели Мицкоски.

Во однос на Советот за јавни обвинители, Мицкоски порача дека реформите ќе се одвиваат чекор по чекор.

Во петокот, пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата, заедно со пратениците од парламентарното мнозинство на ЗНАМ и „Вреди“, поднесоа интерпелација за работата на членовите на Судскиот совет што се избираат од страна на Собранието.

Судскиот совет е составен од 15 члена, од кои тројца ги избира Собранието со мнозинство гласови од вкупниот број пратеници и со Бадентерово мнозинство, а двајца членови ги предлага претседателот на државата, а изборот го врши законодавниот дом. Еден од овие двајца кандидати мора да биде припадник на заедниците кои не се мнозинство во Република Северна Македонија.

Останатите осум членови ги избираат судиите од своите редови. Членови на Советот по функција се и претседателот на Врховниот суд и министерот за правда, но тие можат само да присуствуваат и да дискутираат на седниците, но немаат право на глас, односно да учествуваат во одлучувањето.

Собранието, според најавите, ќе расправа за членовите кои ги избира, а од актуелниот состав на Судскиот совет тоа се Селим Адеми, Павлина Црвенковска, Весна Дамева, Миљазим Мустафа и Тања Чачарова-Илиевска.

ИЗВОР: racin.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Пронајдени оружје и муниција и приведени две лица во полициската акција во Чашка

Следно

Д-р Гроздановска, Клиничка биохемија: Нови методи во 2025 година – обезбеден е поголем буџет за речиси 50 отсто во соработка со ФЗОМ

Latest from Blog

Речиси 5.000 прекршоци преку „Сејф сити“ за една недела, изречени 288 забрани за возење

Министерството за внатрешни работи информира дека во периодот од 02-ри до 08-ми февруари од страна на системот „Безбеден град“ на подрачјата на градовите и Коридорите каде се поставени камери, регистрирани се вкупно

Дводневна посета на Париз: Македонија ги зајакнува заложбите за Охрид во УНЕСКО

Делегација на Владата во состав: заменик-претседателот на владата и министер за транспорт, Александар Николоски, министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски; министерот за култура и туризам, Зоран Љутков, министерот за

ФЕРОИНВЕСТ ги отвора своите електрани: Инвеститорите поканети да се уверат како изгледа функционален батериски систем

Со зголемениот интерес за батериски системи кај фотонапонските електрани, сè почесто се појавуваат сериозни проблеми поврзани со нивната имплементација. Дел од инвеститорите купуваат батериски системи кои воопшто не можат да се инсталираат бидејќи не се

ВМРО-ДПМНЕ: СЈО наместо правда, служело за политички потреби на СДС

Ништо ново на политичката сцена кога е СДС во прашање, само информации за трошење пари на граѓаните, расипништво, непочитување на законите и Уставот, вели ВМРО-ДПМНЕ. „Што е деновиве актуелно од расипништвото на

РУСИЈА РАСПОРЕДУВА ВОЈНИЦИ НА ФИНСКАТА ГРАНИЦА

Финска, членка на НАТО, е еден вид сеизмограф за воените планови на Москва кон Западот, а најновите настани во близина на границата на двете земји предизвикуваат загриженост. Границата долга повеќе од 1.300
Go toTop