Мицкоски: Јас сакам да има највисоки плати што може, но наследивме катастрофална ситуација со Буџетот и ќе се бориме понатаму за високи плати

August 26, 2024
1 min read

„Јас и секој човек, нема таков човек којшто не сака работниците коишто работат по закон и устав да имаат поголема плата и поголем стандард и како прв човек на Владата ќе дадам се од себе да создадам услови да можат работодавачите да ги платат оние работници коишто работат согласно закон и Устав повеќе од тоа што ги плаќаат сега. Се ќе направам и јас и луѓето коишто се дел од Владата. Тоа не треба никој да има дилема, истакна Претседателот на Владата на Република Северна Македонија“, изјави Христијан Мицкоски во неговото гостување во емисијата ,,ЗА или ПРОТИВ” на ТВ Алфа, говорејќи околу инсистирањето на синдикатите за зголемување на минималната плата.

Тој додаде дека оваа влада наследи катастрофален Буџет од страна минатата каде што не беа испланирани средства за плати во одредени претпријатија и исплата на пензии, но и покрај тоа со ребалансот овие состојби се надминати.

„Ние наследивме состојба таква каква што наследивме, многу лоша, катастрофална, катаклизмична. Катастрофа е комплимент, поезија во споредба со тоа што го наследивме. Со огромна буџетска дупка, со пари коишто не беа планирани, недостасуваа итн. Во рамките на зголемување на приходната страна ќе бараме начин да ова го овозможиме за оние работници коишто се, би рекол резултат на работата на Буџетот, односно сите оние коишто се во администрацијата итн“, истакна Мицкоски и додаде:

„Тоа во овој момент е невозможно, но тоа што можевме го обезбедивме. Обезбедивме плата за луѓето од „Национални шуми“ коишто не беа земале со месеци плата, обезбедивме плата за вработените од АД „Водостопанство“ коишто со месеци не беа земале плата, обезбедивме околу 5 милијарди за пензионерите, не по основ на линеарното покачување, а не како што беше досега процентуалното туку линеарното од 2500 денари овој септември и 2500 денари следниот март. За редовната исплата без ова покачување 5 милијарди денари недостасуваа“.

ИЗВОР: kurir.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Мицкоски: Има повеќе истраги за криминал, ќе има и покренати случаи, одговорноста ќе се случи

Следно

Роналдо: Не се гледам себеси како тренер, ќе правам нешто надвор од фудбалот

Latest from Blog

„Престанете да тропате на вратата на Кремљ“

Литванскиот претседател Гитанас Науседа апелираше до европските политичари да престанат да „тропаат на вратата на Кремљ“, сметајќи дека тоа ја ослабува позицијата на Европа. „Позицијата на Европа тешко може да се зајакне

Кенгур брутално претепа човек: Му се нафрли на кучето, а потоа ме удри по лицето (ВИДЕО)

Жртвата била однесена во болница со повреди кои, според медиумските извештаи, би можеле да бидат „споредливи со сериозни повреди од сообраќајна несреќа“. „Излезе како ракета“ Според Кол, кенгурот излегол од водата и

Изет Меџити му честиташе на Албин Курти за изборот на новата влада во Косово

Во пресрет на 18-годишнината од независноста на Косово, земјата влезе во ново политичко поглавје со формирањето на Владата „Курти 3“. По тој повод, Изет Меџити упати честитка до Албин Курти за неговиот

Ван Дајк му донесе победа на Ливерпул!

ФОТО:facebook.com/LiverpoolFC/ Ливерпул го победи Сандерленд со 1:0 на гостински терен, додека Кристал Палас, и покрај водството од 2:0, загуби од Барнли – 2:3 на Селхерст Парк. Херој во победата на Ливерпул беше

Ван Дајк му донесе победа на Ливерпул!

ФОТО:facebook.com/LiverpoolFC/ Ливерпул го победи Сандерленд со 1:0 на гостински терен, додека Кристал Палас, и покрај водството од 2:0, загуби од Барнли – 2:3 на Селхерст Парк. Херој во победата на Ливерпул беше
Go toTop