Мицкоски: Ја научивме лекцијата, ни треба обединување и единство за клучните прашања

April 4, 2025
2 mins read

На средбата со лидерот на СДСМ Венко Филипче разговаравме за градење на национален консензус за клучните прашања. Ние можеме да се критикуваме за области за кои треба да има простор за критика, но кога станува збор за клучните правци, мора да изградиме култура која ќе значи единство и консензус. Очекувам и од другите политички партии доколку побараат средба, истото да им го предложам, посочи премиерот Христијан Мицкоски.

На средбата се разговарало за евентуално вклучување на претставници од СДСМ во одредени реформски процеси, а кои се дел од реформската агенда и планот за раст, како и за градење на национален консензус, кога станува збор за суштински прашања.

Во однос на евентуално вклучување на претставници од СДСМ во одредени реформски процеси, Мицкоски вечерва во гостувањето на телевизијата Алфа, рече дека генерално овој процес треба да е инклузивен.

– СДСМ претходно била седум години дел од Владата. Имало одредени процеси кои во минатото се случувале, како што се измени во Кривичниот законик кои се носеа во Собрание со злоупотреба на европското знаме. Не гледам причина зошто да не се вклучени, како и другите кои сакаат да бидат вклучени со свои идеи, во насока на вистински реформи, рече Мицкоски.

Во однос на градење на национален консензус, кога станува збор за суштински прашања поврзани со сегашноста но и иднината на држава, Мицкоски рече дека без оглед на сите разлики во партиите, важно е да се седне да се разговара за клучните теми.

-Тоа е нешто што мене како политичар ми е многу важно. Да седнеме и за клучните теми да се договориме и да немаме дисонантни тонови потоа. Ние можеме да се критикуваме за области за кои треба да има простор за критика – лоши перформанси во економијата, некој злоупотребил нешто.. но кога станува збор за клучните правци, мора да изградиме една култура која што ќе значи единство и консензус. Очекувам и од другите политички партии кои ќе побараат средба, истото да им го предложам. Кога станува збор за клучните прашања сите да бидеме обединети и да изградиме консензус. Филипче кажа дека има разбирање за нашите различни ставови поврзани со уставните измени. Тука имаме принципиелен став, тој ги знае нашите аргументи, рече Мицкоски.

Тој посочи оти цени дека ваква средба рефлектираат порака на обединување, особено околу клучните прашања.

-Ценам дека со ваква средба ќе испратиме порака дека ние политичарите ја научивме лекцијата и дека кон граѓаните треба да рефлектираме порака на обединување, на единство, посебно околу клучните прашања и низ поинаква оптика да ги гледаме работите, кога станува збор за ваков тип на прашања. Воедно, во услови на траор, на специфична емотивна состојба на населението, да испратиме порака дека политичарите не комуницираат со ниски страсти на дневна основа и со политиканство, туку можеме да се покажеме ширина, додаде Мицкоски.

Прашан како ќе се гледа ваквата соработка во иднина на терен, Мицкоски појасни дека може претставник од СДСМ да даде свои забелешки во поглед на содржината на одредени предлог закони.

-Во процес сме на изработка на неколку закони, кои што се дел од реформската агенда, а се однесуваат на правосудството. Во деновите кои следат, ќе имам тематски состанок со Министерството за правда и со луѓето кои се вклучени во тој процес. Не гледам зошто, кога ќе биде готова некоја работна верзија, и претставник од СДСМ да не даде свои забелешки. Низ владина процедура помина и Законот за енергетика. Можат и тука да имаат некаков импут, ако ценат дека може да биде подобрена содржината, рече Мицкоски. 

ИЗВОР: racin.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Најдобрата светска скијачка Федерика Брињоне тешко повредена

Следно

Италијанскиот опозициски лидер бара целосно ембарго на оружје за Израел

Latest from Blog

Рубио откри дека се уште се утврдува местото за преговори со Иран- Турција и дефинитивно отпаѓа

Рубио, исто така, на прес-конференција изјави дека иранската влада претходно се согласила на формат за состанокот во петок во Турција, но се чини дека се предомислила, објави Ројтерс. Рубио додаде дека специјалниот

Состанок во Влада за Реформската агенда: Фокус на конкретни чекори за унапредување на институционалната ефикасност и владеењето на правото

Во Владата вечерва се одржал состанок за Реформската агенда, информира премиерот Христијан Мицкоски. -Вечерва одржавме состанок посветен на реформската агенда, со фокус на конкретни чекори за унапредување на институционалната ефикасност, владеењето на

Директорот на Идризово: Има изживување, силување, но и љубов меѓу затворениците

Гостин во „Претрес со Ландов” е генерал мајор Зоран Јовановски-Челик, директор на КПУ Идризово.Тој отворено говори за лошите услови во затворот, иако има подобрување. Како Управа од властите овие 3 години бараат

(ВИДЕО) Омерагиќ: ФФМ инвестира во модерен фудбалски амбиент: Националната арена доби LED екран од 210 метри

Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ) ја реализираше својата најнова инвестиција – сопствен ЛЕД екран долг 210 метри, со цел подобрување на искуството за публиката, зголемена видливост за партнерите и создавање дигитален фудбалски
Go toTop