Премиерот Христијан Мицкоски денес на поставување камен-темелник на 400 киловати далекувод од ТС „Битола 2” на македонско-албанската граница истакна дека со овој проект Македонија за првпат станува целосно поврзана со сите соседни електроенергетски системи. Тоа, според него, значи повеќе сигурност за граѓаните, стабилност за стопанството и нови можности за развој.
-Овој далекувод не е само инфраструктурен проект, туку симбол на поврзување, стабилност и иднина на нашата држава во европското енергетско семејство, рече Мицкоски. Тој нагласи дека со изградбата на 100-километарскиот далекувод се воспоставува последната енергетска врска која недостасуваше со соседите и дека проектот е дел од европската енергетска мрежа, овозможувајќи интеграција на обновливи извори на енергија.
Премиерот потсети дека проектот започнал уште со кредит обезбеден во 2015 година, а реализацијата долго време била блокирана поради преговори и обиди за промени на цените. -Ние не дозволивме проектот да остане уште една пропуштена можност, раскинавме неефикасен договор и рестартиравме проектот, со што ја заштитивме државата и инвестицијата, истакна Мицкоски.
Со транспарентна постапка преку ЕБОР е избран нов изведувач, согласно европските стандарди, што гарантира дека проектот ќе се реализира без застој.
На настанот говореа и министерката за енергетика Сања Божиновска, заменик-шефот на Делегацијата на ЕУ Бен Нупнау, претставникот на ЕБОР Фатих Туркменоглу, албанскиот министер за енергетика и инфраструктура Енеа Каракачи и генералниот директор на МЕПСО Бурим Љатифи.
Мицкоски заклучи дека со далекуводот Битола–Елбасан не се гради само енергетска врска, туку доверба, стабилност и иднина за граѓаните и економијата на Македонија.