Мицкоски: Имаше обид да ме поткупат за Коридорот 8, дијалогот со бугарската страна ќе се одвива во Брисел

August 27, 2024
2 mins read

Премиерот Христијан Мицкоски денеска обелодени дека врз него имало обид за поткуп за Коридорот 8, односно како претседател на Владата да ја прифати тендерската документација што истекува на 17 септември. Мицкоски не прецизираше кој стои зад поткупот, само кажа дека „се знае како оди тоа, преку канали за комуникација“. За ова ги известил партнерите од ЕУ со кои имал состанок, а тие, рече, со разбирање ги прифатиле аргументите. Дијалогот со бугарската страна, информира Мицкоски, ќе се одвива во Брисел, на високо ниво, а процесот ќе го фасилитира Европската комисија.

Според Мицкоски, за обидот за поткуп се информирани сите надлежни институции.

– Лично кажувам, пред целата македонска јавност, дека за Коридорот 8, секцијата 3, пругата, врз мене имаше обид да ми биде понуден поткуп со што јас како премиер би потпишал прифаќање на оваа тендерска документација што истекува на 17 септември. Затоа кажав дека се додека сум премиер, нема да го прифатам овој тендер. Завршија времињата на таков тип комуникација со претседателот на Владата, можеби со некои други имало така, со овој нема така. Сите институции кои треба да бидат информирани, се информирани. Нормално дека тоа не оди транспарентно и со докази, преку документ. Се знае дека тоа е канал за комуникација, но сум доволно искусен за да предвидам дека целта на соговорникот е таа за која зборував, потенцира Мицкоски.

Одговорајќи на новинарски прашања, премиерот подвлече дека приоритет се сите коридори што минуваат низ земјава, а на Коридорот 8 и Коридорот 10, нагласи, ќе се работи со истата посветеност зашто двата се за државата многу важни.

-Што се однесува до Коридорот 8 имавме пред почетокот на седницата на Влада комуникција со официјални лица од Брисел, од ЕК, но и од банките што даваат грант или заем за овој проект. Тоа се ЕБОР и ЕИБ и мислам дека по денешниот состанок дури и на нив им е прилично јасно дека вака како што е конципиран проектот претставува сериозен проблем. Не можам никогаш како претседател на Владата да ставам потпис на проект, да потрошам половина милијарда пари на моите граѓани за проект што завршува на половина тунел во слепа улица. Додека сум јас премиер, тоа нема да се случи. И второ, бидејќи бев жртва на обид за поткуп поврзан за тој проект, јас кажав дека ваков каков што е, никогаш нема да го поддржам, бидејќи тука не станува збор за пари на македонските даночни обврзници, туку и на европските. Не сме ние како сите други, не сме ние како што мислат дека ќе дојдат едни па ќе заминат други итн. и истото ќе функционира на истиот принцип – понуди проценти и сета работа ќе се задржи. Вака како што е, ние нема да го поддржиме додека сум претседател на оваа Влада. Морам да признам дека од страна на нашите соговорници од Брисел тоа беше со голема загриженост прифатено и добивме уверување дека истото ќе биде проследено, истакна Мицкоски.

Според него, втората голема грижа е што проектот не е целосен.

– Очекуваме иста таква посветеност и загриженост како што ние ја манифестираме и од бугарска страна, односно другата половина од тунелот да биде завршена, но и оние 5-6 километри со кои ќе треба да се поврзе со веќе постоечката пруга од бугарска страна зашто нам ни треба целиот Коридор, а не да потрошиме половина милијарда евра овде, а тие да не направат ништо. Ќе ве потсетам на граничниот премин Клепало кога од македонска страна се’ беше завршено и патот и граничниот премин, а од бугарска страна немаше ништо завршено. И ќе ве потсетам дека ние го привршуваме и ако се’ биде како што треба до крајот на годината ќе биде завршен експресниот пат кој ќе ја поврзе земјава со источниот сосед што ќе заврши некаде после Крива Паланка. Така што, ние посветено работиме на Коридорот 8 и ќе продолжиме, но очекуваме иста таква посветеност и ист таков жар од страна на нашиот источен сосед бидејќи овој Коридор е потребен цел како стратешки коридор, рече Мицкоски.

ИЗВОР: kurir.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MARKETING

Претходно

Арсовска до четврток ќе размислува дали ќе му даде шанса на Галетановски, да ја врати во живот Зоолошката градина

Следно

Русија тврди дека украинските војници се обидуваат да се пробијат во регионот Белгород

Latest from Blog

Слот потврди: Исак утре ќе дебитира за Ливерпул

фото: LiverpoolFC (X) Новото име во нападот на Ливерпул, Александар Исак веројатно ќе го има своето деби за „црвените“ утревечер кога тимот ќе игра против Атлетико Мадрид во Лигата на шампионите. Менаџерот

Брод со судански бегалци се запали покрај либискиот брег, најмалку 50 мртви

Меѓународната организација за миграција (ИОМ) денес соопшти дека најмалку 50 лица загинале откако брод со 75 судански бегалци се запалил во близина на либискиот брег во неделата. ИОМ соопшти дека им обезбедува

„И врапчињата знаат дека ДУИ раководи со Дрисла, ѓубрето во Скопје е резултат на неспособноста на Арсовска и нејзините другари од ДУИ“

На сите им е јасно кој раководи со јавните претпријатија во град Скопје. Дури и врапчињата знаат дека конкретно со Дрисла раководи ДУИ. Дрисла, ѓубрето во Скопје и состојбата во Дрисла е

Меџити: Нов кампус за Универзитетот „Мајка Тереза“ со инвестиција од 40 милиони евра

Во текот на денешната владина седница, беше донесена историски важна одлука за високото образование – Универзитетот „Мајка Тереза“ во Скопје добива во трајно користење парцела од 31.434 м² на која ќе се

Болната семејна судбина на Роберт Редфорд: Зад неговата насмевка, се криеја две големи трагедии

Познатиот актер Роберт Редфорд никогаш не живеел типичен живот на позната ѕвезда. Одамна се пензионираше од јавноста и поминуваше време со својата сопруга Сибил. Иако рече дека таа му го променила животот,
Go toTop