Мицкоски: Имам разбирање за бојкотот на граѓаните на маркети, а јавноста ќе дознае како од поранешни функционери на СДСМ се прави политика и манипулира при пресметката на минималната синдикална кошничка

January 30, 2025
2 mins read

Претседателот на Владата, Христијан Мицкоски на денешната собраниска седница за пратенички прашања истакна дека легитимно право е на граѓаните да изразат револт и тој има разбирање за истото, но од СДСМ освен навреди и клевети не кажаа дека има разбирање, затоа што како што рече тоа најелитистичката партија која 7 години немаше разбирање за стандардот на граѓаните и воведуваше дополнителни даноци.

„Легитимно право е да има граѓанска иницијатива за бојкот на маркети, имам разбирање и не гледам погрешно, легитимно е да имаме граѓани кои револтот ќе го манифестираат на начин на кој тие мислат дека треба. Наша или ваша политичка оценка е дали ќе се покаже разбирање или нема. Од СДСМ освен клевета и напад не слушнав дали покажува разбирање кон тие кои повикуваат на ваква иницијатива. Јас на прес конференција во Влада бев јасен и точен дека покажуваме разбирање со граѓаните.“, изјави премиерот Мицкоски одговарајќи на прашање од пратеничката Јована Тренчевска.

Во однос на политиката за кошнички, премиерот ја потсети Тренчевска дека и тие имаа такви, но сега е разликата што се седна на маса со сите засегнати страни, а не под присила како во времето на СДСМ.

„Дали дава резултати или не, тука имаме поделено мислење, некои велат дава резултати, некои дека не дава. Она кое ние го направивме, а е различно од претходните, седнавме и со производителите и со маркетите, разговаравме и утврдивме производи кои на доверба од страна на владата кон нив оставивме да биде дефинирана како листа ставена на располагање на граѓаните. Тоа е различно од она кое беше пракса во минатото кога се водеше политика на сила и политика на притисок.“, потенцираше премиерот Мицкоски.

Премиерот Мицкоски посочи дека СДСМ постојано повторува намалување на ДДВ на храна како нивна автохтона политика, а тоа е истата елитистичка партија која 7 години не излезе да види како живее народот која воведе данок на луксуз која воведе законски рекет кон македонската економија, за што има иницијатива пред Уставен суд.

„Не би сакал да сум во чевли на СДСМ ако судот донесе одлука дека тоа било неуставно и дека тие пари треба да се вратат. Вие убедливо најелитистичката структура на политичари на Балканот, водевте политика на елитизам и отсуство од реалноста, летнати во облаци најдовте да зборувате за стандард на граѓаните. Вие кои не излеговте од дебелите персиски килими и кожните фотелји да видите како живеат граѓаните 7 години. Заборавивте што им ветувавте.“, нагласи премиерот Мицкоски.

Премиерот Мицкоски се осврна на минималната потрошувачка кошничка при што истакна дека македонската јавност треба да знае дека врз грбот на народот се прави политика од најнизок вид, како се манипулира при пресметката, а ја пресметуваат поранешни функционери од СДСМ.

„За минималната синдикална кошничка дали сте ја виделе методологијата? Ќе ви дадам одговор ако не сте ја виделе. Јас во мојот живот лубеница и црешни во јануари не сум јадел, не знам за вас во СДСМ можеби ви е вообичаена пракса. Тоа е дел од методологијата за пресметка на минималната потрошувачка кошничка која е со цени од неколку маркети кои во јавноста се познати како ексклузивни без да биде пресметана просечната цена. А ја пресметуваат Никола Попоски поранешен потпретседател на СДС, Драган Тевдовски поранешен министер за финансии од СДСМ и Бранимир Јовановиќ кој беше дел од Ленка, Левица па отиде советник кај Тевдовски, овие тројца ја пресметуваат минималната потрошувачка кошничка. Отидов во неколку маркети и ги извадив неколку производи од потрошувачката кошничка и констатирав дека само за храна и пијалаци 3.000 денари е помала сумата од тие што се декларирани во минималната синдикална кошничка односно 15% помалку. Ова ќе го презентирам на економско социјалниот совет и тоа со слики, да се видат вистински цени.“, потенцираше премиерот Мицкоски.

ИЗВОР: kurir.mk

MARKETING

MARKETING

Претходно

Тренчевска до Мицкоски: Вашите мерки доживеаја дебакл, ќе го прифатите ли предлогот за укинување на ДДВ за храна?

Следно

Пратеникот на Трамп за Блискиот Исток: Американскиот заложник ќе биде ослободен од Газа утре

Latest from Blog

Виолетовата медуза повторно присутна во делови на Грција

Во морските делови во близина на градот Волос, во централниот и северниот дел на Евија и кај островите Скијатос и Скопелос, регистрирано е зголемено присуство на виолетовата медуза, информираа од Грчката опсерваторија

НАТО Самит: Согласност за зголемување на трошоците за одбрана на 5%

Историјата покажа дека кога Северна Америка и Европа работат заедно тоа е добитна комбинација, нашите противници тоа добро го знаат, изјави  генералниот секретар на Алијансата, Марк Руте на Самитот на НАТО во

Реакција на Министерството за правда: СДСМ продолжува по патот на деструкција и креирање дезинформации 

Реагираше Министерството за правда. СДСМ продолжува по патот на деструкција и креирање дезинформации на штета на граѓаните. Очекувавме поконструктивен пристап, не заради нас, туку во интерес на доброто на државата. Но, досега,

Турски Каш – Рај за љубителите на историјата и подводните авантури

СКОПЈЕ (АА) – Со зачудувачката природна убавина и историското богатство местото Каш, едно од омилените туристички дестинации во турската област Анталија, претставува еден од водечките центри за нуркачки туризам, привлекувајќи илјадници домашни
Go toTop