Мицкоски и покрај секојдневното покачување на цените тврди дека „контролата на цените е робусна“

March 8, 2025
1 min read

 Контролата на цените на производите е робусна и жестока како никогаш досега, истакна денеска премиерот Христијан Мицкоски. 

Нагласи дека следната недела ќе имаат состанок за законските измени како една од мерките за да се спречи ново покачување на цените по 30 април, по што, како што рече, ќе може да каже повеќе детали. 

„Се бориме, процесот е динамичен. Можам да кажам дека очекувам намалување на трошоците веќе во март споредено со февруари“, рече Мицкоски во одговор на прашање при денешната посета на Свети Николе.

Ги повика трговците да им служат на граѓаните наместо да нарачуваат „платени прес-конференции кај опозицијата“.

„Тие постојат за граѓаните и граѓаните се нивните потрошувачи. Наместо да подметнуваат текстови кај опозицијата, која ги чита на прес-конференции, да стават прст на чело и да не се служат со трикови, туку да работат во интерес на граѓаните“, порача Мицкоски. 

ИЗВОР: racin.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

AUTO SHKOLLA BEKO

MATINA DENTAL CLINIC

Претходно

Локализирани два пожари во атарот на каменичките села Саса и Цера

Следно

Ректор со двојки во средно училиште? Се уште не почната трката, бес и револт на Универзитетот „Мајка Тереза“

Latest from Blog

Амбасадорот на ЕУ во Србија: Разочаран сум од реториката што се користи во врска со ЕУ

Амбасадорот на Европската унија во Србија, Андреас фон Бекерат, денеска изјави за годишниот извештај на Европската комисија за напредокот на патот кон ЕУ дека треба да „обезбеди мапа на патот“ за тоа
Go toTop