Мицкоски и остави отворена врата на Зајкова – ЛДП останува да делува независно во парламентот, вели таа

October 30, 2024
1 min read

Премиерот Мицкоски остави широко отворена врата за приклучувањето на ЛДП на владината коалиција, откако претседателката на партијата Моника Зајкова ја напушти опозициската коалиција предводена од СДСМ. Вели дека се уште немале разговори но дека секој е добредојден кој ги застапува интересите на Владата, но и дека за тоа ќе бидат консултирани коалициските партнери. 

„Секој кој што ги споделува и поддржува политиките на оваа Влада може да се приклучи и да ги подржува овие политики. Дали официјално би биле дел од владината коалиција се уште не сум разговарал ниту во рамките на коалицијата, ниту пак во рамките на партијата. Сепак тоа е процес кој што е потребно да добие поддршка од сите чинители. Не е доволно Христијан Мицкоски што ќе каже, битно е да видиме што велат коалиционите партнери. Но секоја поддршка од секој пратеник кој што ги поддржува политиките на оваа Влада е добредојдена во рамките на гласањето во Парламентот“, вели Христијан Мицкоски. 

Но, токму поддршките на политиките на премиерот Мицкоски околу одложеното дејство на уставните измени што отворено ги искажа во Дејли клик на ТВ21 оценувајќи дека тоа е добра можност за откочување на евроинтеграциите, ја отвори дилемата дали Зајкова се приближува кон власта. Сепак таа, во изјава за порталот Рацин вели дека останува да делува независно.

„Како пратеник останувам да делувам независно во Собранието. ЛДП е независен политички субјект, со своја политичка програма и со своја либерална идеологија. Пракса е на партијата да има свој став околу прашањата кои понекогаш и порано бил различен од ставот на коалициските партнери, како на пример рамниот данок за кој ЛДП беше застапник додека СДСМ инсистираше на прогресивен данок“, вели Моника Зајкова.

ЛДП на последните избори настапи во коалицијата предводена од СДСМ, а Зајкова беше коносител на листа во втората изборна единица заедно со екс претседателот на СДСМ Димитар Ковачевски. ТВ21 повикувајќи се на партиски извори пренесе дека Зајкова излегува од коалицијата со СДСМ, но не се знае дали ќе и се приклучи на владејачката коалиција предводена од ВМРО-ДПМНЕ.

ИЗВОР: ТВ 21

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Мицкоски загрижен за граѓаните „Знам дека живеат тешко“

Следно

Најмалку 72 загинати во катастрофалните поплави во Шпанија

Latest from Blog

ВЛЕН: Владината коалиција е стабилна, продолжуваме со исполнување на ветувањата

Централното претседателство на ВЛЕН одржа редовна седница на која беа разгледани актуелните политички случувања и беа потврдени приоритетите на коалицијата за претстојниот период. Од ВЛЕН порачуваат дека остануваат посветени на реализацијата на

Славески: Електронското и мобилното банкарство на „АЛТА банка“ повторно се достапни

Клиентите на „АЛТА банка“ АД Битола од денеска повторно можат да ги користат електронското и мобилното банкарство за плаќање сметки и други обврски, како и за располагање со своите средства, соопшти гувернерот

Претседателот на Македонско друштво “Илинден“-Тирана, Ѓурѓај се сретна со д-р Ѓорѓевиќ, претставничка на Европскиот центар за прашања на малцинствата

Разговор за правата на македонското национално малцинство во Албанија и можностите за унапредување на соработката меѓу Македонското друштво “Илинден“-Тирана и Европскиот центар за прашања на малцинствата. Во рамките на Дијалогот на Шлезвиг-Холштајн,

Божиновска: Со BAE Systems ја зајакнуваме заштитата на критичната енергетска инфраструктура

Воспоставувањето секторски Центар за безбедносни операции (SOC) и можностите за негово финансирање беа во фокусот на работниот состанок на министерката за енергетика, рударство и минерални суровини, Сања Божиновска, со претставници на BAE
Go toTop