Мицкоски: Граѓаните знаат Филипче никогаш не бил со народот, туку со Заев кои ги гледавме како крстарат со луксузни јахти по Егејското крајбрежје

October 14, 2025
2 mins read

На прагот сме на уште едни избори на кои се носи одлуката за вашата иднина. Ова с избори од кои зависи како ќе се развива вашата општина, вашето маало, вашата улица. Од тоа дали ќе добиете ваш човек кој ќе биде вашиот глас во администрацијата или ќе имате човек и елита која ќе живее на вашиот грб. А, иднината се состои од вашите одлуки денес и од изборите кои ги правите токму денес, порача до македонските граѓани претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски на денешниот народен митинг во Кратово во рамките на кампањата со слоган „Вистинскиот избор! Со твојот човек! За твоето место! За твојата иднина!“ за локалните избори кои ќе се одржат во недела на 19 октомври.

Мицкоски изрази убедување дека и граѓаните знаат дека коалицијата Твоја Македонија, предводена од ВМРО-ДПМНЕ е вистинскиот избор и опција која нема да разочара и која секогаш е со народот.

„Од другата страна имаме измамници во политиката, луѓе кои со децении изградија кариери и бизниси на штета на државата и на штета на заедничкиот интерес на граѓаните. Со едниот избор одите напред, а со другиот се враќате назад кон темното минато на договори во четири очи, срамни отстапки за идентитетот. Во времето кога најважно беше врхушката на власт да биде ситуирана, а народот гладен. Тоа се политичарите коишто ги украдоа сите наши заеднички соништа и донесоа сиромаштија и направија гладен народ. Нашите конкуренти немаат програма, никој не им ја видел, затоа што на овие избори дојдоа со празни и лажни ветувања. Така произволно дадени, потценувајќи го народот, а јас ви велам, мерете не по делата и програмата која ја нудиме, туку по она коешто ви е чувствувате дека ние го правиме.

Мицкоски додаде дека СДСМ и нивната коалиција покажаа дека го потценуваат народот излегувајќи на овие избори во оваа кампања со тоа што од првиот ден, па се до денес водат исклучиво само црна кампања.

Мицкоски се осврна и Венко Филипче кој вели дек бил со народот, но граѓаните добро знаат дека тој бил со неговиот гуру од Струмица, Зоран Заев кои донесоа најголема сиромаштија за граѓаните а нив ги гледавме како крстарат со јахти по Егејското крајбрежје.

„Филипче вели дека кога било најтешко бил со народот. Што не е вистина, а и сите вие тоа го знаете, тој бил со неговиот ментор и гуру од Струмица и тие заедно двајцата како тандем го донесоа најтешкото време за целиот народ. И кога беше најтешко и кога народот, буквално, мака мачеше како да го помине денот, нив ги гледавме како се луксузираат на скапо платената јахта, крстарејќи по Егејското крајбрежје. И сите знаат дека дебело ќе загубат, а претседателот на СДСМ Венко Филипче, не може ниту сопствени пратеници да ги убеди, па затоа многу тешко можете да видите пратеник од коалицијата која ја предводи СДСМ на митинзите кои ги организира СДСМ и коалицијата“, рече Мицкоски.

Затоа, посочи Мицкоски, разликата помеѓу нив и нас е тоа што ние имаме визија за секое место и општина која ја посетуваме и токму затоа ги повика граѓаните да излезат на гласање во недела и масовно да гласаат за ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата заокружувајќи го бројот 9 за кандидатите за градоначалници и советничките листи.

Извор: kurir.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MARKETING

ЛОКАЛНИ ИЗБОРИ 2025

Претходно

Меџити до Османи: Ќе почнеш ли со рушење од твојата дивоградба во Топанско Поле?

Следно

Припадниците на овие хороскопски знаци се најискрените луѓе што можете да ги запознаете

Latest from Blog

Стојкоски: Исполнета желбата на учениците од ОУ „Тихомир Милошевски“, нова подлога на терените за кошарка и фудбал

„Сакаме подлога“, графит испишан во училиштето „Тихомир Милошевски“ во Општина Ѓорче Петров со кој учениците бараа подобри услови на спортските терени. Градоначалникот на општината и кандидат за нов мандат, Александар Стојкоски вечерва

Ридигер е заинтересиран за продолжување на договорот со Реал

Со доашаѓањето на Чаби Алонсо на клупата на Реал Мадрид, германскиот репрезентативец Антонио Ридигер ја загуби улогата стартер во екипата на „кралскиот клуб“. И покрај шпекулациите дека Ридигер е на излезни врати

Трамп постхумно ќе го одликува Чарли Кирк

Американскиот претседател Доналд Трамп му го додели Претседателскиот медал за слобода, највисокото американско цивилно одликување, на починатиот Чарли Кирк. Посмртната церемонија на доделување на наградите ќе се одржи денес во Белата куќа,

Николоски: Коњановски влегува во овие избори без ниту еден скандал, потребна е масовна излезеност

Масовно во Битола! Оваа бројка покажува дека победата ќе биде голема уште во првиот круг! Градоначалникот Тони Коњановски влегува во овие избори без ниту еден скандал и ниедна корупциска афера. Потребна е
Go toTop