Мицкоски: Граѓаните се греат со сѐ и сешто бидејќи никој не им донел алтернатива

November 28, 2024
2 mins read

Врз основа на сите анализи, 60 проценти од ПМ 2,5 и ПМ 10 честички доаѓаат од начинот на затоплување и согорување на фосилни горива. Не се виновни граѓаните, таков е стандардот. Луѓето горат сѐ и сешто за да може да се стоплат во своите домови бидејќи алтернатива никој не им донел, изјави премиерот Христијан Мицкоски одговарајќи ѝ на пратеничката Сања Лукаревска од СДСМ која праша зошто е намален буџетот за мерки против аерозагадувањето и каде е најавената милијарда и планот за чист воздух.

-Не е точно дека парите во буџетот се намалени… Да ви кажам за ПМ 2,5 и ПМ 10 честичките околу Неготино и да ви спомнам за акцизите и за даноците поврзани со мазутот? Нема да спомнам за да не речете дека бегам од темата… Нема да спомнам ни за состојбата во која ја оставивте Национални шуми итн… Мој личен приоритет е да испроектираме неколку когенеративни централи. Немаме пари и ќе бараме партнер за заедно да инвестираме за една во Скопје, која ќе го опфати потегот од Драчево, Лисиче и тој дел којшто недостасува, потегот од фабриката ОХИС и надолу, бидејќи има цевка за гас таму, и втората е за западниот дел од градот – Ѓорче Петров, Волково, за да го опфатиме тој дел на градот којшто нема затоплување и каде што се користи тоа што се користи, истакна Мицкоски.

Како што рече, за пет месеци е физички невозможно да се направат крупни промени и ако претходната власт ја оставила државата во „одлична кондиција, со направен проект и локација, спроведен тендер со изведувач“, оваа влада ќе требало само да ја спроведе изградбата на когенеративни централи кои чинат по околу 250 до 300 милиони евра.

-Ниту локација, ниту проект, ниту пари, ништо. Сѐ уште зборуваме за исти проекти кои сме ги зборувале на времето, рече Мицкоски.

Посочи дека во план е на најмалку четири локации, евентуално на пет, низ Македонија да бидат изградени когенеративни термоцентрали централи кои истовремено и ќе затоплуваат преку топловодно греење и ќе произведуваат електрична енергија.

И да имало оставено пари за да се гради првата во Скопје и уште утре, рече, да се почне со изградба, тендерот најрано би бил распишан во првата половина на 2026 зашто дотогаш треба да се сменат плански документации.

-Затоа не ги гледате средствата во овој буџет. Но ако ги видите Функции на држава, таму има средства доколку постојат инцидентни состојби и ваков тип на активности кои се со цел да им помогнат на граѓаните, лесно можеме со прераспределба на владина седница да ги завршиме, рече Мицкоски.

Соопшти дека „во моментот“ добил информација дека пет милиони евра за „Дрисла“ се одблокирани од ЕУ кои „биле заглавени“ во времето на претходната власт.

Тече тендер за изградба на депонија во Свети Николе финансирана од ЕУ што, како што рече, ќе го реши проблемот од Берово до Куманово и е отпочнат процес за депонија во Новаци кој треба да го реши проблемот со отпадот од Дебар до Битола.

– За пет месеци успеавме сето тоа до овој степен да го донесеме, се надевам дека за 15 ќе биде повеќе, додаде Мицкоски на собраниската седница за поставување пратенички прашања.

ИЗВОР: kurir.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Потвредено обвинението против осомничените за убиството на Данка Илиќ, се бара доживотен затвор

Следно

Славески до приватните превозници: Немојте да наседнувате на манипулациите на Арсовска, таа е непредвидлива жена.

Latest from Blog

Димитриеска-Кочоска: Работниците и работодавачите треба да го водат дијалогот и да се договорат за минималната плата

Работниците и работодавачите треба да го водат дијалогот за минималната плата, а Владата ќе прифати се што тие ќе договорат, рече вечерва министерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска. Во гостување на емисијата „360

Ристески: Минималната плата мора да се зголемува системски, одржливо и во рамки на економските реалности

Владата не е против зголемување на минималната плата, туку напротив – нејзината стратешка цел е континуиран раст на сите плати и подобрување на животниот стандард, но исклучиво преку системски, договорени и економски

Читателите на Религија.мк го избраа митрополитот Пимен за личност на годината

Главниот и одговрен уредник на Религија.мк, му ја врачи плакетата за избор на личност на годината на митрополитот Европски Пимен. На врачувањето на плакетата, митрополитот Пимен посочи дека наградата за него е

Смирувачките пораки од Вашингтон и Техеран ги намалија цените на нафтата под 66 долари за барел

На лондонскиот пазар попладнево барелот се тргуваше по пониска цена за 3,34 долари отколку на затворањето на тргувањето на крајот од минатата недела, која изнесуваше 65,98 долари. На американскиот пазар, беше поевтин
Go toTop