Мицкоски: Градоначалниците на ВМРО-ДПМНЕ изградија и реконструира патишта во должина од над 770 километри, направени се речиси 47 километри нови водоводи, модернизирани над 400 училишта

September 27, 2025
1 min read

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски на денешната промоција на на кандидатите за градоначалници на ВМРО-ДПМНЕ се осврна на тоа што направија градоначалниците од ВМРО-ДПМНЕ за тие три години додека централна власт беше СДСМ.

„Во изминативе 4 години, од кои цели три години беа со жесток отпор и кочница од централната власт, заедно градоначаниците на ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата, изградија и реконструира улици, булевари, патишта во вкупна должина од над 770 километри во вкупна вредност од околу 100 милиони евра. Направени се речиси 47 километри нови водоводи, изградени се канализации од должина од речиси од 91 километар. Изградени или во завршна фаза на градење се 7 пазари од затворен тип, 12 пречистителни станици“, соопшти Мицкоски.

Мицкоски посочи дека во делот на образованието реконструирани и модернизирани се повеќе од 400 училишта и дека се потавени фотоволтаици на поголем број на училиштата.

„За учениците обезбедена е бесплатна храна за децата од 1 до 5 одделение и обезбедено е бесплатно летување за децата од социјално загрозените семејства во голем број на општини, со доградба и реконструкција на училиштатата се воведе и еднодневна сменска настава. Реконструирани и модернизирани се повеќе 70 детски градинки, а новоизградени се неколку десетици градинки за оваа цел се инвестирани повеќе од една милијарда денари. Завршени или во завршна фаза се 274 спортски игралишта или детски рекреативни терени“, вели Мицкоски.

Мицкоски заклучи дека претстои многу работа, многу труд, „но денес со чист образ стојам пред сите вас“.

Извор: kurir.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MARKETING

Претходно

Лејди Гага објави ретки снимки со вереникот за да му го честита роденденот (ФОТО)

Следно

Трамп: Преговорите за Газа беа интензивни и продуктивни

Latest from Blog

„Вистинската сила е во народот“ – Ѓорѓиевски со порака до скопјани

Кандидатот за градоначалник на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски, ја започна својата кампања со порака дека започнува „голема приказна“ која ќе се пишува заедно со граѓаните. „Овој почеток на кампањата е почеток на

Македонскиот рубин со поддршка од занаетчиите – Божиновска најави заштита

Министерката за енергетика, рударство и минерални суровини, Сања Божиновска, оствари средба со Националната комора на занаетчиите, на која доби поддршка за институционална заштита на македонскиот рубин – единствениот природен рубин во Европа.

Нуњо Еспирито Санто е нов менаџер на Вест Хем

FOTO skysports-nuno-espirito-santo X Откако Греем Потер си замина од местото менаџер на тимот на Вест Хем, управата на клубот поита да најде решение како негова замена. Предмалку пристигна информацијата дека Нуњо Еспирито
Go toTop