Мицкоски: ЕУ треба да покаже почит за отстапките кои ги направивме и волја Македонија да ја види како земја членка на ЕУ

October 4, 2023
1 min read

Во вечерашниот дневник на ТВ Сител во „Тема на денот“ гостуваше претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски кој што истакна дека Бугарија мора да покаже добра волја, а меѓународната заедница да покаже дека навистина сака да ја види Македонија таму после се што направи Македонија како лојален сојузник на европската заедница.

„Која е мојата гаранција, ако не видам добра волја од Бугарија да почитува одлуки на Европски институции дека и ако успешно фуриозно ги завршиме сите поглавја и преговори дека на самата ратификација на протоколот нема да добиеме вето. Треба за тоа да размислуваме“, истакна Мицкоски.

Претседателот Мицкоски додаде и дека Бугарија мора да покаже добра волја, а меѓународната заедница да покаже дека навистина сака да ја види Македонија таму после се што направи Македонија како лојален сојузник на европската заедница.

„И одложено дејство е опција. Бугарија мора да покаже добра волја, а меѓународната заедница да покаже дека навистина сака да ја види Македонија таму после се што направи Македонија како лојален сојузник на европската заедница. Откажувајќи се од многу национални атрибути, кои што начнаа во македонскиот национален идентитет, кои што никој претходно не го направил од тие земји членки. Се откажавме од знаме 90-тите, менувавме банкноти, менувавме устав 6-7 пати, нова територијална поделба, на насилен начин се промени Устав и име и ниту една од овие сите земји членки не направи ни приближно. Тоа е суштината ние не бараме ништо повеќе од тоа што го бараа другите“, истакна Мицкоски.

Мицкоски додаде дека треба за да видиме добра волја од ЕУ треба да се интервенира кај Бугарија и бугарската влада да барем тоа кое е нејзина обврска според многу меѓународни договори да го почитува судот за човекови права.

Мицкоски нагласи дека за македонската заедница во Бугарија има 14 пресуди од Судот за човекови права во Стразбур, јасни пресуди од кои 6 се задолжителни.

Ако ЕУ не може да ја натера Бугарија ова да го почитува како ќе гарантира дека ова не е последно бугарско барање и нема да има вето, изјави Мицкоски.

ИЗВОР: kurir.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Полициските хеликоптери исфрлија над 13 тони вода, локализиран пожарот во општина Сопиште

Следно

Во Чаир се гради дивоградба во доцните часови – Ганиу: Гарантирам дека нема да дозволиме, ќе покренеме кривична пријава

Latest from Blog

Проданоски: Соработката меѓу општините е двигател на развојот

Градоначалникот на општина Прилеп, Дејан Проданоски, денеска во Скопје учествуваше на настанот „Унапредување и зајакнување на меѓуопштинската соработка во локалната самоуправа“, во организација на Министерството за локална самоуправа, во соработка со УНДП

Божиновска: Стартува голем инвестициски циклус за енергетска обнова на јавните згради

Денес се одржа онлајн координативен состанок со сите релевантни чинители во процесот на енергетска трансформација, на кој учествуваше и министерката за енергетика, рударство и минерални суровини, Сања Божиновска, при што беше означен

Комерцијална банка најликвидна, а ЗОИЛ Македонија со доминантен блок – МБИ10 со пад од 0,15%

Изготвен од Илирика Инвестментс АД Скопје врз основа на официјални податоци од Македонска берза. На берзанската сесија од 30 март 2026 година, индексот МБИ10 се намали за 0,15% и заврши на 9.918,01
Go toTop