Мицкоски: ЕУ останува наша цел – „Мораме да ја смениме стратегијата за да станеме привлечни за неа“

May 12, 2025
1 min read

Eвропската унија беше и останува наша цел како и на генерациите што доаѓаат, но единствено Македонија е земја за која не важат критериумите за членство во Унијата како и за другите земји кои станале или се во процес да станат членки.

Ова го истакна премиерот Христијан Мицкоски на Самитот „Македонија 2025“, кој рече дека претходно биле правени грешки со тоа што се прифаќале услови, се правеле отстапки, но според него потребен е друг пристап за Македонија да стане привлечна за влез во ЕУ.

„Тоа значи дека треба да бидете 2 – 3 пати подобри од сите други ако сакате да звучите логично и ако сакате другите да ве разберат. И треба да научите да победувате и во Вашингтон и во Брисел и во Берлин и во Париз и во Рим и во останатите светски мегалополиси и центри ако сакате да бидете разбрани со поинаков тон и поинаква порака да испратите од онаа која што ја слушале години наназад“, вели Христијан Мицкоски.

Како една од предностите на нашата земја тој ги гледа во изградбата на коридорите и фактот што сме стратешка раскрсница на Балканот.

„Единствената наша стратешка предност како земја која што не излегува на море е тоа што ние сме природна раскрсница на неколку паневропски коридори меѓу кои што се коридорите 8 и 10, но и покрај нас, паралелно поминува и коридорот 11 што би биле единствена земја во Европа која што директно ќе има комуникација со овие три важни коридори. И јас тука ја гледам иднината и само на тој начин ние можеме да влеземе во оптиката на големите светски сили и тука треба да го темелиме нашиот развој“, вели Христијан Мицкоски.

Во рамките на зајакнувањето на соработката на земјава со Европската унија, во четврток пристигнува претседателот на Европскиот совет Антонио Кошта кој практично ќе биде во посета на земјите од Западен Балкан.

ИЗВОР: ТВ 21

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Цената на кафето отиде во небо: Се очекува ново поскапување

Следно

Путин повика на продлабочување на соработката со исламскиот свет пред утрешниот форум во Казан

Latest from Blog

Димитриеска Кочоска: Буџетските реформи ја зајакнуваат финансиската стабилност

Министерката за финансии Гордана Димитриеска Кочоска заедно со премиерот Христијан Мицкоски и членовите на Владата оствари средба со амбасадорите на земјите членки на Европската Унија, на која се разговараше за спроведувањето на

Под истрага е директорот на Светскиот економски форум поради поврзаност со педофилот Епштајн

Организаторот на самитот во Давос, со седиште во Женева, изјави дека ги испитува информациите од Министерството за правда на САД кои покажуваат дека Бренде имал три деловни вечери со Епштајн и комуницирал

Како бремените жени станаа мета на дезинформации за вакцините

Додека институциите често покажуваат недоволна иницијатива и слаб одговор на проблемите, јавниот дискурс во земјата станува сè повеќе изложен на родови дезинформации кои ја потценуваат сериозноста на насилството врз жените, ги замаглуваат

Божиновска: Македонија го забрзува патот кон европскиот енергетски пазар

Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини го презентираше напредокот на Реформската агенда пред амбасадорите на Европската Унија. На средбата се акцентираше на праведна енергетска транзиција, интеграција во европскиот енергетски пазар и
Go toTop