Мицкоски до Филипче: Кажи јавно што мислиш за твојот ментор и гуру од Струмица!

October 7, 2025
1 min read

На денешниот народен митинг во Гостивар во рамките на изборната кампања за локалните избори 2025 година со слоган „Вистинскиот избор! Твојот човек! Твоето место! За твојата иднина!“, обраќање имаше и претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски при што се обрати до Филипче и го повика јавно да каже што мисли за неговиот ментор и гуру од Струмица.

-Од причина што се срами да каже, и затоа што е лицемерен и едно зборува во јавноста, додека истовремено глуми и одработува и кова заеднички планови со него, го повикувам Филипче да каже јавно што мисли за неговиот ментор и гуру, дали бил добар претседател на Владата и дали тој направил добро за Македонија. Нормално не очекувам да даде одговор којшто сите ние добро го знаеме граѓаните. Затоа на овие избори секој човек во животот има момент кога треба да одлучи. Не за политика. Туку за тоа кому му верува, кого го препознава како свој. Кој е тука кога е тешко, кој не се крие кога треба да се одговори, кој го познава твоето маало, твојата мака, твојата борба, кажа Мицкоски.

Понатаму, Мицкоски ги повика граѓаните на 19 октомври да излезат и да гласаат за број 9 за подобра и достоинствена иднина.

-Многу е важно да излезете на избори и да гласате. Македонија е исправена и подготвена да оди напред! Нема поголема сила од народот кој верува, од народот кој знае што сака и кој знае дека иднината е во негови раце. Нашата борба не е само за една општина, не е само за еден град. Нашата борба е за секое семејство, за секое дете што сака подобро училиште, за секој млад човек што сака работа и останува тука, дома, во Македонија. Нашата борба е за достоинството на секој еден граѓанин, заклучи Мицкоски.

Извор: kurir.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MARKETING

Претходно

Проданоски ја поддржува економијата и локалните претприемачи во Прилеп

Следно

Автобус затрупан во свлечиште во Индија, најмалку 18 лица загинаа

Latest from Blog

Најдебелиот мачор на светот предизвика лавина коментари: Дали Баг е вистинскиот Гарфилд? (ВИДЕО)

Баг ги освои срцата на корисниците на социјалните мрежи ширум светот кои „полудеа“ по џиновскиот мачор, кој ја споделува Инстаграм сметката lasagnaandbug со својот мачкин брат Чедар.         View

Албански комичар се кандидира за градоначалник на Тирана- го споредуваат со Зеленски (ВИДЕО)

Поради неговата кариера во комедија и сатира, Бинај често е споредуван со украинскиот претседател Володимир Зеленски. Бинај, кој е познат по имитирањето на албанскиот премиер Еди Рама и појавувањата на националната телевизија,

Автобус затрупан во свлечиште во Индија, најмалку 18 лица загинаа

Најмалку 18 лица загинаа денес откако автобус беше затрупан во свлечиште во индиската држава Химачал Прадеш, во округот Биласпур, објави денес Индија Телевизија. Се стравува дека повеќе патници се заробени под калта

Проданоски ја поддржува економијата и локалните претприемачи во Прилеп

Кандидатот за градоначалник на општина Прилеп, Дејан Проданоски, ги посети компаниите Винарија „Пирган“, Изо Стакло, Жалфија и Технобен, истакнувајќи ја нивната улога во развојот на градот. Проданоски се сретна со сопствениците и
Go toTop