Мицкоски до ЕУ: Во Брисел заминувам „со стандардното пакување на стандарниот куфер“,

December 16, 2024
1 min read

Премиерот Христијан Мицкоски пред да замине за Брисел, и порача на „Старата дама“ дека патува „со стандардниот куфер и со стандардното пакување на стандарниот куфер“, при што очекува да се заокружат билатералните средби со високи европски претставници, на кои ќе бидат изнесени аргументите на Владатa во однос на начинот на продолжување на евроинтегративниот процес. 

Премиерот нагласи дека блокада може да има доколку земјата не е добра во одредени перформанси, кои произлегуваат од критериумите и дека Европската унија мора да се врати на старите шини, кои се темелат на мерит системот, односно на постигнувања, а не на билатерални спорови, , 

„Не велам јас дека ако ние не сме добри во владеење на право, образование, рибарство или нешто друго, дека не треба да бидеме успорени или закочени. Но ако треба да решаваме прашања од 11. и 12. век и тие да ни се пречка, тогаш никогаш нема да бидеме дел од ЕУ. Тогаш ќе имаме две опции. Или да се самоуништиме, што е лудо или да се бориме и потешко ќе бидеме дел од ЕУ се додека постојат овие спорови“, рече Мицкоски. 

Досега се потврдени две билатерални средби, со високата претставничка на ЕУ за заедничка надворешна политика и безбедност, Каја Калас и со шпанскиот премиер Педро Санчез, а се очекува уште една билатерaлна средба, надвор од мултиратралните. 

Нагласи дека по средбата со еврокомесарката за проширување Марта Кос и претседателот на Европскиот совет, Антонио Кошта се заокружува овој спектар на билатерални средби на кои се изнесени аргументите на македонската Влада.

„Мислам дека сите ќе знаат кои се нашите аргументи, што се нашите аргументи, кои се нашите стравувавања, зошто сме загрижени и дека сме подготвени да најдеме решение, коешто не е решение само за првиот чекор, туку е решение коешто ќе не однесе до крај. Затоа што ова е решение коешто тие го кажуваат за првиот чекор. Такво решение, не благодарам“, рече Мицкоски.

Во однос на неодамнешното вето за Србија, кое меѓудругите го стави и Бугарија, Мицкоски истакна дека кога еднаш ќе се направи преседан, тој станува правило.

„Кога еднаш ќе направите преседан, треба да сте свесни дека тој преседан станува правило. Ние сме жртва на преседан. И прашање на време беше кога овие преседани ќе станат правило. И тие не се за решавање на проблеми коишто се однесуват за годините пред нас, туку најчесто се билатерални проблеми. И затоа зборувавме цело време. За тоа зборувавме сиве овие години и кога бевме опозициска партија и сега“, изјави Мицкоски. 

ИЗВОР: racin.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Агелер за Владата: Наследија многу предизвици, но постигна значителен напредок

Следно

Епицентаорт на земјотресот кај Делчево-Берово

Latest from Blog

Поранешен влијателен пратеник на ДУИ му се приклучи на Меџити

Поранешниот пратеник на Демократската унија за интеграција, д-р Арбен Зибери, внук на првиот албански кандидат за премиер, Насер Зибери, одлучи да продолжи со своето политичко ангажирање со Изет Меџити. Семејството Зибери е

Шамбевски повикува на независна истрага за злоупотребите во СЈО

Сведоштвото на поранешната обвинителка во СЈО, Лејла Кадриу, е едно од најсериозните и најдиректните откритија за тоа како функционирала злоупотребата на правосудниот систем во Македонија. Ова не е сензационализам – тоа е

ФФМ го трансформира македонскиот фудбал со сопствен ЛЕД екран од 210 метри

Фудбалската Федерација на Македонија (ФФМ) направи значаен исчекор кон модернизација на стадионите и подобрување на спортската инфраструктура. Наместо изнајмување, федерацијата инвестираше во сопствен ЛЕД екран долг 210 метри, што создава целосно ново

Во Иран се уапсени истакнати реформистички политичари

Уапсена е Азар Мансури, лидерка на реформистичката партија, заедно со неколку други политичари, наведуваат медиумите. Иранска новинска агенција го потврди апсењето на четворица политичари, но не ги именуваше. Според агенцијата, политичарите се

Од визија до акција – Божиновска за улогата на жените во енергетиката

Министерката за енергетика, рударство и минерални суровини Сања Божиновска се обрати на настан во рамки на проектот ELeVATE, посветен на охрабрување и поддршка на девојки и жени за кариера во Net-Zero технологии,
Go toTop