Мицкоски: Буџетот е во добра состојба благодарение на домаќинското работење на Влада

April 4, 2026
1 min read

Буџетот е во добра состојба и има доволно средства поради домаќинското работење на оваа Влада, вели премиерот Христијан Мицкоски и како што додава, затоа може да се донесе мерката за намалување на акцизата на горивата со која ќе се амортизира поскапувањето.

Намалената акцииза, како што рече, ќе влијае со десетици милиони евра на Буџетот, но, додаде дека буџетски средства има доволно и таква мерка може да биде донесена.

-Ги враќаме старите долгови од претходната влада на СДСМ и ДУИ. Треба да вратиме стари долгови од 2,5 милијарди евра. Веќе е исплатена првата рата од 25 милиони евра за солидарниот данок, ќе се реализираат сите колективни договори што ги имаме потпишано, како и мерките за помош на граѓаните. Разликата е што ние не карадеме како претходните и затоа има доволно пари во Буџетот, потенцира Мицкоски по увид во градежните активности за изградба на нова училишна зграда во рамки на општинското основно училиште „Гоце Делчев“ во населба Илинден.

Тој вели дека нивните прогнози и очекувања се дека целата оваа криза ќе има продолжено дејство.

-Мора да се подготвиме за тешка година, но како и да е тука сме да ги следиме сите овие работи и да реагираме врз основа на приоритетите. Треба да се помине овој период, а не да се брои приходот, профитот и т.н.. Се подготвуваме за подолг и потежок период. И пред кризава планиравме некаде кон крајот на јуни да имаме рабаланс на Буџетот. Веќе се прават првичните анализи, очекувам во мај да биде подготвен и да ја помине владината процедура, во јуни да се даде на собраниска постапка и јули да го почнеме со ребалансираниот буџет, појасни Мицкоски.

Извор: kurir.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Цените на становите одат кон рекордни 5.000 евра ако нема нови ДУП-ови вели Николовски

Следно

Коњановски: Победа во Тетово – Пелистер ја совлада Шкендија

Latest from Blog

Аргентина им ги отвори вратите на богатите- пасош се продава за 350.000 долари, со опција од 800.000

Јужноамериканската земја ја започнува првата програма за државјанство преку инвестиција во Јужна Америка, која ќе им овозможи на богатите странци да добијат аргентинско државјанство преку директен финансиски придонес во државата или купување

Казна со бодови не е доволна: Премиерлигашите бараат исфрлање на Манчестер сити?!

Ривалите на Манчестер Сити сметаат дека обично одземање бодови не би било доволна казна за прекршоците за кои клубот беше прогласен за виновен. Независна комисија го прогласи Сити за виновен за сериозни

Се урна воен авион со 32 патника во Нигерија- пронајдени се делови на тела (ВИДЕО)

Воен авион со 25 патници и седум членови на екипажот се урна во јужна Нигерија, што предизвика масовна операција за пребарување и спасување, соопштија властите, според Independent.co.uk. Министерот за воздухопловство на Нигерија,
Go toTop