Мицкоски: Борбата против сајбер хибридните напади е заштита на суверенитетот на државата

January 29, 2025
1 min read

Денеска имавме би рекол вежба каде што беше симулиран сајбер напад на дел од институциите на државата и потоа нормално носење одлуки од страна на Кризниот штаб во Владата, што треба да се преземе и мислам дека од сето ова може да се извлече само позитивна поука и да сето тоа кога, не дај боже, се случи да знаеме како да реагираме и кои се чекорите коишто треба да се реагираат како Влада, истакна прмиерот Христијан Мицкоски, кој денеска присуствуваше во касарната „Гоце Делчев“ во Општина Аеродром во објектот на Воената Академија „Михајло Апостолски“ каде беше симулиран сајбер хибриден напад.

-Добро е да од нашите стратешки партнери добиеме искуство како сето тоа функционира. Како Влада приоритет имаме ставено во делот на дигитализација на државата, нешто што е многу важно и значајно. Огромен приоритет и фокус на сето тоа и се обидуваме да нешто што можеби во минатото било погрешно направено, да го коригираме.

Ние имаме една чудна состојба, имаме recovery, секундарна заштита, односно Центар на податоци или познат како Дата центар, којшто практично служи за поврат на изгубените податоци при сајбер напад, а немаме примарен дата центар и најголемиот дел од институциите и серверите користат outsourcing и така се штитат. Односно, да бидам попрецизен, секој се штити како знае и како умее, а не е тоа организиран пристап.

Имаме фокус тука ставено да се создаде еден таков примарен центар на податоци или дата центар којшто потоа ќе биде нормално заеднички и поврзан со институциите на државата и ќе можеме на едно место, на една точка и да бидеме поефикасни.

И сето тоа е во рангот на приоритетите исто како целокупната безбедност во државата. Така што, мислам дека во периодот којшто следи имаме и тука голем еден предизвик, тоа е веќе ставен во приоритетите на Планот за раст којшто очекуваме и финансирање и помош од страна на Европската Унија. Така што, сето ова е дел од безбедноста на државата и ние како Влада имаме одговорност да таа безбедност ја обезбедиме, бидејќи на тој начин го штитиме суверенитетот на Македонија како држава, додаде Мицкоски.

ИЗВОР: kurir.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MARKETING

Претходно

Касами со критика кон Стоиљковиќ: Не може во министерство да се прима човек кој е на црната листа на САД

Следно

Најмалку 18 лица загинаа во авионска несреќа во Јужен Судан

Latest from Blog

Ѓорѓиевски претстави проект за младите: мобилност, култура и заштеда со „SKOPJE CITY GO“

Градоначалникот на Кисела Вода и кандидат за градоначалник на Скопје, Орце Ѓорѓиевски, денеска го презентира новиот проект „SKOPJE CITY GO“, наменет за младите и сите граѓани на Скопје. „SKOPJE CITY GO“ е

ВРЕДИ: ДУИ пред избори зборува за чист воздух, додека 20 години го труеше народот

Коалицијата Вреди остро ја обвини ДУИ дека две децении наназад го разнебитувала системот и ги оставила граѓаните да живеат во корупција и загадување. „ДУИ, која две децении по ред ги труеше граѓаните

Ѓорѓиевски: Институциите итно да ги санкционираат предизвикувачите на пожарот

После повеќе од 15 часа борба со огнената стихија во Трубарево, градоначалникот на Кисела Вода и претседател на ЗЕЛС, Орце Ѓорѓиевски, информира дека пожарот е целосно изгаснат, со исклучок на неколку ситни
Go toTop