Мицкоски: Апаратот за магнетна резонанца во Поликлиника „Идадија“ ќе го забрза дијагностицирањето на проблемите кај пациентите, работиме посветено за граѓаните

October 3, 2024
1 min read

Најпрвин можам да го искажам своето задоволство, бидејќи овој апарат којшто овдека е инсталиран, претставува еден од ретките апарати коишто пациентите можат да го користат. Иако министерот и директорот, рекоа дека се користи интензивно, јас би сакал што помалку да се користи. Но, веќе кога имаат граѓаните потреба се разбира дека овој апарат само може да го забрза дијагностицирањето на проблемите и идентифицирањето на истите. Јас сакам да му честитам и на директорот и на министерот и на луѓето на Министерството за здравство за ете што во првите 100 дена имаме некаква испорака, имајќи предвид во каква катастрофална состојба го наследивме овој сектор, истакна премиерот Христијан Мицкоски кој денес заедно со министерот за здравство, Арбен Таравари, присуствуваа на пуштање на нов апарат за Магнетна резонанца во поликлиника Идадија во Здравствен Дом во Скопје.

-Ќе ве потсетам дека само долгот којшто е во Фондот за здравствено осигурување беше повеќе од пет милијарди денари. Со добра реорганизација и со ребаланс на Буџетот тој долг ќе се намали за две милијарди денари. Очекуваме во следната фискална година тој долг да биде сведен на нула. Ќе ве потсетам на Законот кој беше изгласан за здравствена заштита каде што веќе ќе немаме дуализам во здравството, туку ќе имаме јасна одговорност во установите и во клиниките.

Понатаму ќе ве потсетам на онаа акција за вработување на 600 специјализанти, 300 оваа година, 300 следната. Оние коишто ќе пројават интерес, ќе сакаат да се вклучат во јавното здравство и уште многу, многу други работи како што беше позитивната листа, девет генерички лекови нешто што повеќе од деценија и половина имаме пауза кога немаше проширување на позитивната листа со што се влијае позитивно врз пациентите и врз стандардот на оние коишто ги користат тие лекови. Оној настан којшто го имавме на Дигестивна клиника исто така промоцијата на опремата таму и уште многу други работи коишто беа промовирани во овие 100 дена. Очекувам во периодот којшто следи дополнително да промовираме уште многу работи.

Мандатот го започнавме преку Клиничката болница во Штип таму го најавивме продолжувањето на постапката за изградба на Клиничката болница Штип, болницата во Кичево, којшто се децениски проекти коишто за жал претставуваат споменици на едно време коешто не сакаме да се сеќаваме. Така што мислам дека прилично амбициозно се влезе, проблемите ги има, но проблемите ќе ги решаваме не треба да бараме изговори, треба да работиме и во периодот којшто следи продолжуваме со несмалена динамика и со несмалено темпо.

Уште еднаш честитки за опремата и во тој дух и во таа насока да се продолжи во периодот којшто следи, бидејќи граѓаните се нашиот главен приоритет и нивните интереси се оние за коишто треба да работиме и коишто треба да ги задоволиме, додаде Мицкоски.

ИЗВОР: kurir.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Битолската болница возвраќа на пресот на СДСМ: Специјалистите се создаваат 6 години толку колку што СДС беше на власт

Следно

ЕК на 15 октомври ќе разгледува зошто Бугарија, Романија и Грција плаќале поскапа струја

Latest from Blog

Американците го фатиле клучниот учесник во нападот на нивниот комплекс во Бенгази (ВИДЕО)

Министерството за правда на САД објави апсење на клучна фигура во смртоносниот напад врз американски комплекс во Бенгази, Либија, во кој загинаа четворица Американци и со години длабоко ги подели САД. Зубајр

Ковачки: Продолжуваме обединети во нови победи за ВМРО-ДПМНЕ и Македонија

Новиот генерален секретар на ВМРО-ДПМНЕ, Драган Ковачки се огласи на социјалните мрежи по неговиот избор на оваа партиска позиција. Одговорноста е голема, но честа да се служи како генерален секретар на ВМРО-ДПМНЕ

Ковачки: Честа да се служи како генерален секретар на ВМРО-ДПМНЕ е огромна, продолжуваме обединети во нови победи

Одговорноста е голема, но честа да се служи како генерален секретар на ВМРО-ДПМНЕ под лидерството на Христијан Мицкоски e огромна, напиша на социјалните мрежи пратеникот Драган Ковачки откако беше избран на позицијата

Хоџа: Државата и во 2026 со силна финансиска поддршка за националните паркови

Министерот за животна средина и просторно планирање, Муамет Хоџа, на работен состанок со директорите на националните паркови Пелистер, Маврово, Галичица и Шар Планина, ја потврди силната и континуирана поддршка на Министерството за

Автомобил удри во супермаркет во Лос Анџелес- најамалку тројца загинати, возач била 92 годишна баба (ВИДЕО)

Се вели дека жената зад воланот имала 92 години. Несреќата се случила кратко по пладне по локално време на „Ранч Маркет“ број 99 на булеварот Вествуд, кога возилото се удрило во зградата,
Go toTop