Мицкоски: Ахмети има редовна комуникација со Груби, го советувам да се врати и да се соочи со правдата

February 26, 2025
1 min read

Претседателот на Владата, Христијан Мицкоски во неговото гостување во вестите на Алсат, запрашан за тоа кога Артан Груби ќе се врати во Македонија, истакна дека Али Ахмети има редовна комуникација со Груби и го советуваше да се врати во земјава и да се соочи со правдата.

„Кога ќе се врати Груби не знам, колку што успеав да го слушнам Меџити, тој кажа дека Ахмети има редовна комуникација со Груби и можеби тој треба да даде одговор кога ќе се врати. Јас би сакал да се врати уште денеска, затоа што единствениот начин да одговори на сите прашања е да биде тука присутен и да даде одговор.“, потенцираше премиерот Мицкоски.

Премиерот Мицкоски во однос на најавите од пред неколку месеци за обид за дестабилизација во земјава од страна на ДУИ и зошто сега нема такви изјави, порача дека обид за дестабилизација не значи и дека ќе успеат, земјава е стабилна како никогаш досега.

„Обид за дестабилизација не значи и дека ќе успеат во тоа и дека ќе бидеме нестабилна држава. Како што гледате девет месеци не само што сме стабилна држава, туку и на меѓународен план постигнуваме такви пријателства и такви сојузништва што се незапаметени во независна Македонија.“, нагласи премиерот Мицкоски.

За можна соработка со ДУИ, премиерот Мицкоски истакна дека е задоволен од соработката со коалицијата ВРЕДИ и односите во владината коалиција се кохезивни, цврсти, а цел на коалицијата е подобро утре за граѓаните и државата.

„Така работиме и ќе продолжиме да работиме“, потенцираше премиерот Мицкоски.

ИЗВОР: kurir.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Мицкоски: Размислувам за смена на државниот грб, не размислувам и не ми паѓа на памет да се менува химната

Следно

МАНУ презентираше Предлог-стратегија за геолошки истражувања во Министерството за енергетика

Latest from Blog

Стабилизирани цените на горивата: Владата спречи ценовен шок и ги заштити граѓаните и економијата

Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини ја информира јавноста дека со одлукaта на Владата и постапувањето на надлежните институции, се потврди клучната цел – спречено е поскапување на горивата и постигната
Go toTop