Мицкоски: 720 милиони денари за проекти во спортска инфраструктура

August 12, 2025
1 min read

Само во вториот повик кој го објави Министерството за локална самоуправа, имаме одвоено повеќе од половина милијарда денари за инвестирање во спортска инфраструктура во општините, истакна денес премиерот Христијан Мицкоски одговарајќи на новинарско прашање.

-Вкупно во првиот и вториот мислам дека беа 35-36 објекти. Вкупната инвестициска вредност надминува 720 милиони денари и ќе продолжиме во таа насока. Се завршуваат оние проекти кои во минатото беа отпочнати, па заборавени, како што се базените итн. Сè што било почнато завршуваме, но и каде што ќе констатираме дека е потребно да се интервенира ќе биде исто така завршено. И дел од овие проекти кои ги финансираме преку Владата, рече Мицкоски.

ИЗВОР: kurir.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Активни пожари на грчките острови Закинтос и Кефалонија, како и во западниот дел на Грција

Следно

На приближно два милионa жители во Македонија: 66 евидентирани политички партии, една во процес на регистрација и две потенцијални до локалните избори

Latest from Blog

Македонската амбасада во ОАЕ со ВАЖНИ информации за евакуацијата на македонските државјани во Бахреин и Кувајт

Македонската амбасада во Обединетите Арапски Емирати (ОАЕ) вечерва излезе со известување со кое ги информира македонските државјани во Бахреин и Кувајт за времето и начинот на нивната евакуација. -Информација за македонските граѓани
Go toTop