Мицевски: Проблемите на граѓаните не се решаваат со реконструкција, туку со оставка на целата влада

February 22, 2023
1 min read

Министерот без ресор беше 14 месеци член на владата, но се уште ретко кој го познава и не знаеме што работел тој човек и никој до сега не го почувствувал резултатот и неговиот бенефит во владата. Да бидеме искрени и чесни Чупи за тоа не е крив. Неговото место во владата беше само резултат на партиско коалициски пазар помеѓу тогашните коалициони партнери кога на големо се правеше пазар и се тргуваше, се делеа министерски и директорски позиции, вели координаторот на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ Никола Мицевски на денешната седница.

Мицевски потсети дека во минатото СДС ветувала намалување на министерските позиции, но го направила тотално спротивното, само за задоволување на интересите и барањата на политичките партнери се со цел задржување на власт подолго.

Сакам да ја потсетам јавноста дека иако пред неколку години раководството на СДС во неколку изборни процеси на големо ветуваше дека ќе го намали бројот на министерства, тие го направија токму спротивното. Постојано измислуваа работни места, позиции, функции во владата само за да се испазарат со своите политички партнери за да ја одржат на власт нивната вештачка коалиција и мнозинство. Така беше претходно, така ќе биде и сега и затоа оваа измислена позиција постои во владата и затоа не ги гледаме бенефициите од неа. Позиција за задоволување на коалиционите потреби и барања, рече тој.

Според Мицевски со реконструкцијата нема да се решат проблемите на граѓаните, нарекувајќи ја владата Пазар 3.

Реконструкцијата на владата и неколку заменици на министри и заменици министри нема да реши ништо во државата. Нема да ги решат и нема да исчезнат натрупаните проблеми на граѓаните кои секојдневно се соочуваат токму поради оваа вештачка творба наречена купи ден продај или по ново Пазар 3 влада, изјави Мицевски.

Координаторот Мицевски ја спомна и анкетата на Евротинк во која дури 61 процент од населението смета дека во Македонија нема демократија, додавајќи дека ова е поразително за владата на СДС, укажувајќи дека согласно анкетата ова нема да се реши со реконструкција на владата, туку со оставка на целата влада.

Дури 53 проценти сметаат дека оваа влада ја води во целост погрешна насока, а само мизерни 5 проценти сметаат дека се движи во добра насока. По поразителен факт од ова нема, ако и и ова Ковачевски и неговата екипа во владата не го гледаат, тогаш имаме многу поголем проблем од ова што го зборувам сега, рече Мицевски.

ИЗВОР: kurir.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

AUTO SHKOLLA BEKO

MATINA DENTAL CLINIC

Претходно

ЈА ПОГРЕБАЛ 22 МЕСЕЧНАТА ЌЕРКА И СОПРУГА, НО СЛЕДУВАЛО ПОГОЛЕМ ШОК – го прогласиле и него за мртов по земјотресот, поминал низ пекол додека „оживее“ (ВИДЕО)

Следно

„Марка“ со големи пофалби за Модриќ: Со 37 години да владееш на Енфилд е лудо, ако Реал не му понуди нов договор ќе биде голема грешка

Latest from Blog

Продадено е „Фаберже“ јајце со 4.500 дијаманти од 1913 година, на аукцијата е постигната рекордна цена

„Зимското јајце“, кое се смета за едно од најдобрите креации на јувелирот, вчера е купено од анонимен купувач, соопшти аукциската куќа „Кристи“. Божиќен подарок за мајката царица Јајцето е украсено со 4.500

Зеленски: Се подготвуваме за нови разговори со САД

Откако претставниците на САД и рускиот претседател Владимир Путин се сретнаа во Москва, украинскиот претседател Володимир Зеленски објави планови за нови разговори меѓу украински и американски претставници. „Подготвуваме состаноци во Соединетите Држави“,

Во Рио де Жанеиро процветаа палми кои цветаат само еднаш, засадени во 1960-тите

Златните цветови на дрвото Талипот го маѓепсаа Рио де Жанеиро, означувајќи го првото и последното цветање на овие палми децении откако беа донесени од Јужна Азија од пејзажниот архитект Роберто Бурле Маркс.

Од Брисел во Виена: Муцунски на 32-от Министерски состанок на ОБСЕ 2025

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, од денес до петок престојува во работна посета на Виена, Австрија. Во рамки на посетата, тој ќе учествува на 32-от Министерски состанок на
Go toTop