Мицевски до Беџети: Откако Стејт департментот го стави Груби на црна листа, сега Груби вели дека ќе се жали, прашањето е знае ли каде ќе се жали?

December 11, 2024
1 min read

Свесно е владејачкото мнозинство за тоа на што се сте спремни да направите, само да ја избегнат одговорноста на голем дел политичари што им следува од ДУИ и СДС, се враќаат во национални теми затоа што нема што да кажат. Да зборуваме за „Зелената ДУИ“ нема што да зборуваме, да зборуваме за инвестициите кои ДУИ ги правеше изминативе години нема што да зборуваме, да зборуваме за образованието ДУИ кое го продуцираше нема што да зборуваме затоа што книги не успеаа да испечатат во изминатиот период, да не зборуваме за економијата бидејќи граѓаните ди доведовте до просјечки стап, истакна координаторот на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ и член на ИК, Никола Мицевски во гостување во емисијата „Само вистина“ на Канал 5 телевизија.

Тој истакна дека ДУИ се фокусирани само на она што значи спас од политичка одговорност и упати прашање кон Блерим Беџети за тоа каде Груби ќе се жали?

-Морате да прифатите и не може сега да релативизиравме и да минимизирате кога истата оваа казна беше дадена на уште еден висок функционер на ДУИ, а тоа е градоначалникот на Струга, Рамиз Мерко каде истиот ден се организиравте и го суспендиравте од сите политички функции кои ги имаше. За денеска, да кажувате небулози дека Артан Груби имал право на жалба и ќе ја докажел својата невиност, на кого колега Беџети ќе ја докаже невиноста кога американската администрација односно Стејт департментот излезе со тоа дека имаат докази за политичкото влијание во судството и тие нема да бидат толерирани, рече Мицевски.

Мицевски продолжи и додаде дека на граѓаните им е преку глава од измислените правила на ДУИ.

-На граѓаните им е преку глава од вашите правила. Граѓаните на овие избори ја казнија политиката на ДУИ и СДС. Граѓаните на овие избори дозволија опозицијата да направи Влада. Етнички победник кај Албанците се Влен затоа што сами освоија 110,000 гласа, дециден е Мицевски.

ИЗВОР: kurir.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Апелација за ставањето на Беџети на „црната листа: Во целост ги поддржуваме заложбите за борба против корупцијата

Следно

Уште еден палестински новинар убиен во израелски напад врз Газа, билансот достигна 193

Latest from Blog

ВЛЕН: Владината коалиција е стабилна, продолжуваме со исполнување на ветувањата

Централното претседателство на ВЛЕН одржа редовна седница на која беа разгледани актуелните политички случувања и беа потврдени приоритетите на коалицијата за претстојниот период. Од ВЛЕН порачуваат дека остануваат посветени на реализацијата на

Славески: Електронското и мобилното банкарство на „АЛТА банка“ повторно се достапни

Клиентите на „АЛТА банка“ АД Битола од денеска повторно можат да ги користат електронското и мобилното банкарство за плаќање сметки и други обврски, како и за располагање со своите средства, соопшти гувернерот

Претседателот на Македонско друштво “Илинден“-Тирана, Ѓурѓај се сретна со д-р Ѓорѓевиќ, претставничка на Европскиот центар за прашања на малцинствата

Разговор за правата на македонското национално малцинство во Албанија и можностите за унапредување на соработката меѓу Македонското друштво “Илинден“-Тирана и Европскиот центар за прашања на малцинствата. Во рамките на Дијалогот на Шлезвиг-Холштајн,

Божиновска: Со BAE Systems ја зајакнуваме заштитата на критичната енергетска инфраструктура

Воспоставувањето секторски Центар за безбедносни операции (SOC) и можностите за негово финансирање беа во фокусот на работниот состанок на министерката за енергетика, рударство и минерални суровини, Сања Божиновска, со претставници на BAE
Go toTop