Митрески: Шест од осум пратеника на Алијанса за Албанците се дел од владејачкото мнозинство

February 13, 2024
1 min read

Шест од вкупно осум пратеника на Алијанса за Албанците во парламентот ја поддржуваат владејачката коалиција, вели во интервју за МИА собранискиот претседател Јован Митрески. Ова е одговорот кој тој го дава на прашањето дали парламентарното мнозинство е стабилно по раздорот што се случи во Алијанса за Албанците.

Стабилноста на владејачкото мнозинство, како што вели Митрески, се видела за време на гласањето за разрешувањето на министрите Фатмир Меџити и Азир Алиу.

„Да. Тоа се виде и на гласањето за разрешување. Значи, кога веќе ја спомнувате Алијанса за Албанците во овој момент имам информација дека од осум вкупно пратеници на пратеничката група на Алијансата за Албанците шест пратеници стриктно и директно ја подржуваат оваа владејачка коалиција“, вели Митрески во интервјуто за МИА.

Извор: alsat.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Дневен хороскоп за вторник, 13 февруари 2024 година

Следно

Србија ќе си купи пристаниште во Грција: Имаме пари, тоа не е проблем, вели Вучиќ

Latest from Blog

УНИЦЕФ: Поради израелските напади, протерани се 370.000 деца во Либан

Ова е едно од најбрзите и најголемите раселувања во историјата на земјата, соопштија претставници на УНИЦЕФ, агенцијата на ОН за деца. Израел започна тешка воздушна и копнена офанзива врз Либан откако Хезболах,

Муцунски: Критиките од Бугарија за т.н. непочит на малцинските права не се базирани на факти, туку се гола политика која не им служи на двете држави

Природата на актуелната блокада и на сите потенцијални блокади, се поврзани со политика, а не со суштина. Да беа поврзани со суштина немаше да бидеме во оваа ситуација зашто сме земја пример
Go toTop