Митовски: Крива Река е токсична, според ИЈЗ сите параметри се неколку пати над дозволеното

April 3, 2025
1 min read

Водата во Крива Река е сериозно загадена и неупотреблива за било која намена, покажуваат анализите на Институтот за јавно здравје и акредитирана лабораторија, спроведени на барање на риболовното друштво „Мрена“ и Општина Крива Паланка. Градоначалникот на Крива Паланка, Сашко Митовски, побара итна реакција од надлежните институции, потенцирајќи дека резултатите од испитувањата се алармантни.

„Анализите потврдуваат дека водата во Крива Река спаѓа во најлошата, V класа на загаденост, што значи дека е токсична и не може да се користи за никаква намена. Посебно загрижува зголеменото присуство на тешки метали како олово, кадмиум и цинк, кои се над дозволените граници“, изјави Митовски.

Според резултатите, концентрацијата на олово изнесува 36,65 микрограми на литар, што е речиси четири пати над максимално дозволеното. Слично, нивото на кадмиум е повеќе од 20 пати повисоко од дозволеното, а водата содржи и енормни количини на манган и цинк. Дополнително, матноста е 170 NTU – далеку над дозволените 10, а суспендираните материи надминуваат 7.876 микрограми на литар, што е повеќе од 120 пати над дозволеното ниво.

Градоначалникот ја постави под сомнение официјалната позиција на компанијата „Булмак 2016“, која управува со рудникот „Тораница“. „Нејасно е како од компанијата тврдат дека хаваријата во нивниот рудник нема врска со загадувањето, кога анализите јасно покажуваат присуство на токму оние метали што се користат во нивниот процес“, истакна тој.

Општината Крива Паланка веќе поднесе кривична пријава, а Митовски побара од Јавното обвинителство да постапи без одложување.

„Очекуваме институциите да реагираат соодветно и итно, за да се спречи натамошна еколошка катастрофа“, додаде тој.

Во меѓувреме, локалните еколошки организации предупредуваат дека загадувањето има сериозни последици врз биодиверзитетот и водниот екосистем. Според нив, ако не се преземат итни мерки, Крива Река може да стане мртва река.

ИЗВОР: racin.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Седуммина загинати во несреќа со мигранти во близина на Лезбос

Следно

Делумно помилуван Ѓоко Поповски, обвинет во случаите „300“ и „Тенк“ на поранешното СЈО

Latest from Blog

ЕУ повика на повторно отворање на Ормускиот теснец и прекин на нападите врз енергетската инфраструктура

Таа нагласи дека инфлацијата на краток рок ќе расте преку повисоки цени на енергенсите, додека пак за среднорочните економски влијанија преусдни ќе бидат интензитетот и времетраењето на војната, како и притисокот од

МЗШВ: Нема привилегирани и заштитени, секој што се огрешил и ја злоупотребил функцијата, ќе одговара

Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство најостро го осудува секое незаконско постапување и противправно дејствување, вклучително и последниот случај со директорот на Државниот инспекторат за земјоделство, велат во соопштение од ресорното министерство.

По деценија пауза – Жолтата боја се враќа: ФФМ го претстави новиот дрес на фудбалската репрезентација

Фудбалската федерација на Македонија преку социјалните мрежи го најави новиот дрес на македонската репрезентација, со кој националниот тим ќе настапи во претстојните плеј-оф натпревари за Светското првенство. Во објавата на Фудбалска федерација

Репрезентацијата доби нов изглед – ФФМ ја врати жолтата боја

Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ) ги претстави новите дресови на македонската фудбалска репрезентација, со кои националниот тим ќе настапи во претстојните плеј-оф натпревари за Светско првенство. По повеќе од една деценија, во
Go toTop