Митева: Значајни одлуки за напредокот на граѓаните, демократијата и европската иднина на државата тема на денешната владина седница

January 27, 2026
1 min read

На денешната седница Владата донесе низа значајни и суштински одлуки кои јасно ја потврдуваат нашата определба и конкретната посветеност кон исполнување на обврските од процесот на пристапување во Европската Унија, но и кон заштита на јавниот интерес и демократските вредности, кажа на прес-конференција владиниот портпарол, Марија Митева.

Владата денес направи уште еден силен и долгоочекуван чекор во насока на заштита на слободата на изразување и јавниот интерес. Формиравме работна група за воспоставување механизам за заштита од злоупотребата на т.н. стратешки тужби против јавното учество, тема за која со години зборуваат и бараат новинарите и медиумската заедница. Ова е јасен сигнал дека оваа Влада има слух, храброст и проактивност да се соочи со суштински прашања. Дополнително, со усвојувањето на Законот за органско земјоделско производство правиме важен исчекор во поддршката на малите земјоделци. Овој закон овозможува олеснета сертификација преку намалување на трошоците за инспекција и сертификација, што директно придонесува за поконкурентен пласман на органските производи на пазарот. Истовремено, се унапредува и правната рамка со појасни, попрецизни и применливи одредби, усогласени со европските стандарди. Со ова, исполнуваме уште една обврска која произлегува од процесот на пристапување во ЕУ, истакна Митева.

Делата зборуваат погласно од зборовите. Ние продолжуваме да носиме одлуки кои значат напредок и за граѓаните, и за демократијата, и за европската иднина на државата, додава Митева.

Извор: kurir.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Шпанците се убедени дека ќе бидат домаќини на финалето на СП 2030

Следно

Најсреќните датуми во февруари за секој хороскопски знак

Latest from Blog

Израел уништи ирански бродови во Каспиското Море (ВИДЕО)

Војската, која исто така објави снимки од нападот, изјави дека според израелската војска, нападите уништиле иранска поморска корвета, четири ракетни чамци и неколку помошни бродови и стражарски чамци, заедно со команден центар

Ѓорѓиевски и Велковски по повод Рамазан Бајрам поделија пакети со прехранбени производи

Денес, градоначалникот на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски по повод големиот празник Рамазан Бајрам, подели над 50 пакети со прехранбени производи на сограѓани од исламска вероисповед, во соработка со заменик министерот за социјална
Go toTop