Митева: Венко Филипче како пратеник и министер пријавил различни анкетни листови за имот стекнат и пред да биде на државна функција

September 7, 2024
1 min read

Венко Филипче пријавил поголем имот како пратеник, отколку кога бил министер. Анкетниот лист на Венко Филипче покажува дека неговиот имот се зголемил за 150.000 евра во период од 2 ипол години, истакна на денешната прес-конференција портпаролката на ВМРО-ДПМНЕ, Марија Митева.

Таа праша што правел Филипче за имотот да му се зголеми за цели 150 илјади евра?

Како што посочи Митева, пресметките од последниот анкетен лист на Венко Филипче, доставен на 28 јуни 2024 до Комисијата за спречување корупција како пратеник, покажуваат дека тој поседува имот вреден 850 илјади евра.

-Кога ќе ги погледнеме деталите ќе забележиме дека Венко Филипче всушност крие и манипулира со голем имот. Венко Филипче како министер за здравство во својот Анкетен лист пријавил куќа од 464 м2 изградена во 2017 година и проценета на 27,8 милиони денари, како и стан од 130 м2. проценет на 7,8 милони денари стекнат како подарок во 2016 година. Додека пак на име заеднички имот пријавил уште еден стан во Скопје од 50 м2 стекнат со договор за купопродажба во 2010 година.

Пратеникот Венко Филипче во 2024 година пријавил дека го поседува следниот имот: Стан во Скопје вреден 12 милиони денари стекнат со наследство во 2016 година, кој не го пријавил кога бил министер, а според тоа што навел го стекнал пред да стапи на функцијата; Втор стан во Скопје стекнат со наследство во 2016 година вреден 3 милиони денари, кој исто така не го пријавил додека бил министер. Два стана во Скопје од по 12 милиони денари, стекнати со договор за градба во 2017 година, кои исто така ги немал пријавено во Анкетниот лист додека бил министер, и стан во Центар вреден 3 милиони денари стекнат во 2008 година со договор за купопродажба, кој исто така не го навел додека бил министер.

Можеме да разбереме дека Венко Филипче го продал имотот кој го имал кога бил министер, и тоа не е спорно доколку го нема во новиот Анкетен лист. Но никако не можеме да разбереме како во Анкетниот лист на пратеникот Венко Филипче се нашле 5 стана во Скопје, за кои напишал дека ги поседува пред да стапи на функцијата министер, а не ги пријавил додека истата ја извршувал, изјави Митева.

Прашува дали криел Венко Филипче имот? И дали се уште крие?

Митева ја повикува ДКСК во најбрз можен рок да ги мечира базите на податоци од Анкетните листови на Венко Филипче како министер и Венко Филипче како пратеник и сето она што е наведено како негов имот сега, а го поседувал пред да стане министер и не го пријавил да докаже како го стекнал.

-Го повикуваме и ЈО сериозно да се занимава со Анкетниот лист на Венко Филипче и како наеднаш во него се појавува стар имот, кој претходно никогаш не го пријавил?, истакна таа.

ИЗВОР: kurir.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Томислав Османли, Владимир Мартиновски и Лидија Капушевска-Дракулевска на Деновите на македонската култура во Хрватска

Следно

Селекторот на Англија објасни зошто нема да ја пее химната

Latest from Blog

Денес е Преподобен Патапиј

Роден е е и воспитан во верата и во страв Божји во Тива Мисирска од благоверни родители. Рано ја увиде и ја презре суетата на овој свет и се оддалечи во Мисирската

Нештетно уништени 22,3 тони киви за преработка

Поради променети органолептички својства и утврдено присуство на ларви и инсекти, инспектор за храна на Агенцијата за храна и ветеринарство, неделава забрани увоз на киви наменети за индустриска преработка, соопшти Агенција за

Фото: Најбараната манекенка има ново момче? Тој е 18 години постар од неа

Познатата манекенка од кланот Кардашијан – Џенер, атрактивната Кендал е една од омилените членови на семејството Кардашијан Џенер, веројатно поради нејзиниот пристап кон животот и работата. 30- годишната Кенедел, за разлика од

Видео: Принцезата Леонор од Шпанија го направи првиот независен воен лет

Принцезата Леонор од Шпанија го направи својот прв самостоен лет како дел од воената обука на Општата авијациска и вселенска академија (AGA) во Сан Хавиер, каде што веќе четири месеци е на теоретска и практична обука

Арсенал со минималец се врати на врвот

фото: Arsenal (X) Арсенал оствари нова победа во Премиер Лигата со 0:1 против екипата на Евертон во вечерашниот натпревар кој се одигра на „Гудисон Парк“. Со оваа победа „топџиите“ повторно го завзедоа
Go toTop