Митева: Денешниот настап на СДС претставува сериозна штета за медиумскиот простор во Македонија кој мора да биде јасно осуден

December 13, 2025
1 min read

Како човек кој секојдневно е во директна комуникација со Вас, медиумите и новинарите, чувствувам обврска јавно да реагирам. Премолчувањето во вакви ситуации би значело дека се откажуваме од одговорноста што ја имаме кон јавниот интерес и медиумската слобода. Денешниот настап на СДС, со јавно обележување и дискредитирање медиуми преку прес-конференција, со графикони и политички квалификации, претставува директен и недозволив атак врз слободата на медиумите. Ова не е легитимна политичка дебата, јас на ова гледам како опасна пракса која потсетува на СДС кои преку јавен притисок се обидувале да ги стават медиумите под контрола, се вели во соопштението од ВМРО-ДПМНЕ, што МИА го објавува интегрално.

Македонија не смее и нема да оди по тој пат затоа што одиме напред и преку дела ја покажуваме нашата сериозна намера да обезбедиме средина во која медиумите ќе работат слободно и без никакви притисоци. И кога велам одиме напред, тоа и сериозно можам да го поткрепам со факти.

Оваа Влада работи на воспоставување институционални механизми за заштита на новинарите, се формира работна група за спречување на SLAPP тужби, се води отворен дијалог со новинарските синдикати и медиумските здруженија, а СДС свесно избира да настапи со јавна стигматизација на медиуми.

Посебно лицемерно е што вакви напади доаѓаат од политичка партија која декларативно се повикува на слобода на медиумите, а чиј однос кон новинарите јавноста многу добро го памети. Времето на замолчување, селективен пристап, притисоци, омаловажувања и лош однос кон новинари се гледаше на дело токму кога тие зборуваа за „слободи“. Тоа време е завршено.

Колку и да ги познаваме медиумските процеси, колку и да сме свесни за различни уредувачки пристапи, никогаш нема да си дозволиме јавно таргетирање и етикетирање медиуми. Таквото однесување е знак на длабока и структурна слабост на СДС и намера за притисок.

Очекувам јасна и недвосмислена реакција од целата медиумска заедница, од новинарските здруженија, од граѓанскиот сектор и од сите кои искрено веруваат во слободата на изразување. Затоа што денес се на удар медиумите, а утре може да биде секој критички глас.

Ова што го направи СДС претставува сериозна штета за медиумскиот простор во Македонија и потег кој мора да биде јасно осуден затоа што може да остави долгорочни последици.

Извор: kurir.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Хаос во Индија: Само што си замина Меси – на теренот летаа шишиња (ВИДЕО)

Следно

ФОТО: Дали имате природен магнетизам? Првото нешто што го забележувате открива дали…

Latest from Blog

Песков: Преговорите за Украина се на пауза, бидејќи САД имаат други приоритети

– Во преговорите навистина има пауза. Американците имаат други приоритети и тоа е разбирливо, посочи Песков. Според него европските држави прават грешка кога инсистираат Киев да продолжи со воените дејствија против Москва.

Почина чичко Драги од Рекорд

Драган Пароски, познат како чичко Драги од Рекорд почина. Веста за неговата смрт на социјалните мрежи ја објави Тина, која вели дека со години му помагала, пред да замине во странство. -Секое поминување

Шилегов тврди: Тројца екс градоначалници на Кочани неправедно обвинети во случајот „Пулс“

Адвокатот Петре Шилегов во своето најново интервју жестоко ја критикуваше логиката на Јавното обвинителство во судскиот процес за трагедијата во кочанското кабаре „Пулс“, посочувајќи на сериозен правен парадокс. Според Шилегов, обвинителството неосновано
Go toTop