Мистериозен објект, прекриен со влакна падна од небото и ги преплаши луѓето (ФОТО)

October 1, 2025
1 min read

Необичниот инцидент ги остави локалните власти и жителите целосно збунети, објавува Дејли Стар.

„Изгледа како џиновска перика“

Објектот е долг околу 1,7 метри, широк 1,2 метри, направен од карбонски влакна. Има отвор на едниот крај, систем за вентилација на другиот и етикета со видлив сериски број.

Неговиот необичен изглед предизвика бројни коментари на социјалните мрежи, а еден корисник се пошегува дека „изгледа како џиновска перика“.

Мистериозниот објект паднал во четврток, 25 септември, околу 18:30 часот по локално време.

Полиција и пожарникари на местото на настанот

Сопственикот на фармата Рамон Рикардо Гонзалез (47) беше првиот што го забележал објектот закопан во земјата и веднаш ги известил надлежните органи.

Полицијата, пожарникарите и екипата за експлозиви пристигнале на местото на настанот за да проверат за потенцијално опасен материјал.

По детална инспекција, е потврдено дека објектот „не содржи запаливи или опасни супстанции“, но неговото потекло останува нејасно.

Експертите предупредуваат

Една претпоставка е дека станува збор за „вселенски отпад“, потенцијално од една од мисиите на SpaceX или кинеските мисии.

Онлајн ентузијастите сугерираат дека објектот би можел да биде „композитен сад под притисок“, кој се користи во вселенските летала, при што еден пишува: „Не е опасен… освен ако не ви падне на глава“.

Со оглед на сè поинтензивниот развој на вселенската индустрија, експертите предупредуваат дека во иднина ќе бидеме сведоци на почести „падови“ на резидуален отпад.

Истрагата за инцидентот во Порто Тирол продолжува.

Извор: vecer.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

AUTO SHKOLLA BEKO

MATINA DENTAL CLINIC

Претходно

ЛШ: Гати од Јуве го има голот на вечерта!(ВИДЕО)

Следно

Во Скопје Дигитален самит на Западен Балкан (WBDS) 2025

Latest from Blog

Стартува целосна реконструкција на улицата „Фрањо Клуз“ во Аеродром

Градоначалникот на Скопје, Орце Ѓорѓиевски, денес официјално го означи почетокот на целосната реконструкција на улицата „Фрањо Клуз“ (Црвена Вода 7) во општина Аеродром. Заедно со градоначалникот на Аеродром, Дејан Митески, и новиот

Муртезани: Европската интеграција бара континуитет, зрелост и јасна политичка волја

Министерот за европски прашања, Орхан Муртезани, денеска се обрати на заедничката седница на Комисијата за европски прашања и Националниот совет за евроинтеграции во Собранието на Република Македонија. Во своето излагање министрот Муртезани

Продaноски: Поддршка за предвремено родените деца – заедничка акција на граѓаните и Унијата на жени

Денес, по повод Светскиот ден на предвремено родените деца, на неонатолошкото одделение при Општата болница Прилеп беше дониран пациент-монитор, апарат од голема важност за следење на виталните параметри на најмалите пациенти, особено
Go toTop