Мишел: Убеден сум и уверен дека иднината на Северна Македонија е во ЕУ

August 28, 2023
1 min read

По средбата со премиерот, Мишел на социјалната мрежа X (Твитер) изрази целосна поддршка на иницијативата за усвојување на уставните амандмани и покрај, како што пишува, многуте политички предизвици

Убеден сум и уверен дека иднината на Северна Македонија е во Европската Унија, изјави за МИА претседателот на Европскиот совет Шарл Мишел по синоќешната билатерална средба со премиерот Димитар Ковачевски, што се одржа пред почетокот на Бледскиот стратешки форум.

Мишел оцени дека односите меѓу Северна Македонија и ЕУ се одлични и истовремено му честита на премиерот Ковачевски за одлуката за отпочнување на постапката за носењето на уставните измени.

„Северна Македонија и ЕУ имаат одлични односи и тука би сакал да му честитам на премиерот за неговата одлука да ги поднесе до Собранието уставните измени. Убеден сум и уверен дека иднината на Северна Македонија е во ЕУ“,

рече претседателот на Европскиот совет.

По средбата со премиерот, Мишел на социјалната мрежа X (Твитер) изрази целосна поддршка на иницијативата за усвојување на уставните амандмани и покрај, како што пишува, многуте политички предизвици. Тој го пофали лидерството и решеноста на Северна Македонија и премиерот Ковачевски да напредува во реформската агенда на ЕУ и да даде конкретни резултати.

На средбата Ковачевски-Мишел, како што информираа од Кабинетот на премиерот, било потенцирано дека посветеноста и поддршката на Европската Унија во процесот на евроинтеграции на Северна Македонија е исклучително важна во дадениот момент, за што е јасно упатена пораката од страна на ЕУ, за важноста на успешното завршување на процесот на уставни измени, за натамошниот тек на процесот на европско интегрирање на земјата.

„Двајцата соговорници се согласија дека уставните измени претставуваат единствена и неповтролива шанса за напредокот и просперитетот на Северна Македонија во рамки на ЕУ. Членството на Северна Македонија во ЕУ ќе има позитивно влијание и врз севкупните состојби на Западен Балкан, а особено во делот на економски развој како на земјата, така и на регионот“,

се наведува во владиното соопштение за средбата.

Средбата Ковачевски-Мишел се одржа во рамки на посетата на Република Словенија, каде премиерот учествува на Бледскиот стратешки форум.

На средбата на која присуствуваа и вицепремиерот за европски прашања, Бојан Маричиќ, и министерот за надворешни работи Бујар Османи, се разговарало за актуелните политички случувања во Северна Македонија, во фокус на, како што се посочува, успешното отпочнување на процесот на уставните промени во Собранието.

Пред средбата со претседателот на Европскиот совет, премиерот Ковачевски присуствуваше на работна вечера во организација на словенечкиот премиер Роберт Голоб, а денеска тој ќе се обрати на лидерскиот панел на Форумот.

ИЗВОР: 360stepeni.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

ВИДЕО: Како полицијата бркаше и фати криумчар на мигранти во Куманово

Следно

Крводарителска акција по повод празникот Успение на Пресвета Богородица

Latest from Blog

Се урна авион „Су-30“ (ВИДЕО)

Екипажот се катапултирал, а животите на пилотите не се во опасност, соопшти руското Министерство за одбрана. „Денес, на 21 октомври, авион ’Су-30‘ се урна за време на планиран тренажен лет во Калининградската

Општина Битола: Со јапонска поддршка унапредена училишната инфраструктура

Во ООУ „Св. Климент Охридски“ во Битола заврши реконструкцијата на дел од кровната конструкција, реализирана со финансиска поддршка од Амбасадата на Јапонија во вредност од 80.314 евра. Донацијата придонесува за подобри и

Го фати Јамал за врат, два пати го удри со глава, а сега ја дозна казната (Видео)

Факундо Бернал е фудбалерот на Бетис кој не го дочека крајот на дуелот против Барселона, откако беше исклучен во второто полувреме. Уругвајскиот интернационалец падна на провокацијата и потоа го нападна Ламин Јамал,

Николоски на терен со работниците: Одличен напредок на автопатот Охрид – Кичево

Заменик-претседателот на Владата и министер за транспорт, Александар Николоски, при посетата на работниците ангажирани на изградбата на автопатот Охрид – Кичево оцени дека работите напредуваат одлично. „На терен со вредните работници кои
Go toTop