Мишел Обама би можела да биде идната претседателка на САД

August 18, 2023
2 mins read

Анегдотата го потврдува она што го имам чуено и од британски извори: кога владите комуницираат со Бајден тие се чувствуваат дека разговараат со заштитното лице на администрацијата но не и со човекот кој е главен. Доколку демократите одлучат тој да не им биде кандидат, на светот ќе му биде јасно зошто. Трката е тесна, премногу тесна за каков било комфор; Бајден не е популарен; тој старее пред наши очи. Сомнежот во неговите способности е засилен само од мрачната алтернатива во случај тој да почине за време на мандатот. Безхаризматичната Камала Харис е една од оние длабоко просечни луѓе, кои не се свесни дека нивното ограничено знаење не е збирот на човековото разбирање, и со секого разговара како да е приглуп.

Соочени сме со реванш меѓу два непопуларни кандидати, Бајден вс. Трамп, кој никој не го посакува. Па зошто еден од нив не се замоли/присили да се пензионира? Претпоставувајќи дека тоа никогаш нема да биде Трамп – благодарејќи на најразлични правни проблеми неговиот избор сега е меѓу Белата куќа и затвор – ќе биде логично да се убеди Џо да го направи тоа што се очекува од него, или без да знае ќе биде повлечен како кандидат. Човек може да замисли и „Збогум, Ленин“ сценарио во кое Бајден е преселен во божемен претседателски кандидат, каде се уште му велат дека е претседател. Повремено може да му ја носат и Ненси Пелоси за да го прашува до каде е со ставање крај на Големата депресија.

Замената на Бајден е сериозен подвиг. Има крајни рокови кои треба да се испочитуваат за кандидирање до партиските избори. Дали Џо е среќен да му кажуваат што треба да прави? Дали тој некогаш терал независна агенда? Кандидатура на Мишел Обама ќе значи дека Џо отсекогаш бил третиот мандат на Барак, теорија на заговор што ја засили Барак Обама во интервју во 2021. Тој рече „Џо и администрацијата во основа ја довршуваат работата“ започната од Обама и паузирана од Трамп, тврдејќи дека „90 проценти од луѓето“ што работеле за него сега се пак во администрацијата. Ова не беше претерување, барем не многу. Бројката на луѓе на Обама што работат за Бајден, меѓу топ 100-те помошници, е некаде околу 75.

Претседателството на Бајден има сопствен карактер; тој трошеше повеќе пари и посилно ги туркаше културолошките теми. Обама беше попретпазлив да не биде обележан како радикал. Без разлика, новинарите и понатаму се шегуваат дека Обама ја води земјата од својот Ајфон, а неодамнешно интервју на Дејвид Самуелс со историчарот Дејвид Гароу истакна интересен детал: Обама се уште живее во централен Вашингтон ДЦ, нарушувајќи до историскиот договор дека екс-претседателите треба да се иселат од главниот град на САД. Самуелс забележува дека Обама отворено лобирал за интернет цензурирање и контрола на оружје, и според него останувањето на Обама во ДЦ служи како симбол за легитимниот политички поредок кој беше украден од Трамп (да не заборавиме колку либерали тврдеа дека изборите 2016 беа наместени).

Интервјуто стана најпознато по тврдењето на Гароу дека Обама кога бил млад фантазирал за геј секс, меѓутоа порелевантно е тоа дека Обама ја има водечката улога во управување на надворешната политика на Бајден. „Ова се прелива до доле. Очигледно има големи делови од носењето политики во Белата куќа кои му припаѓаат на Барак Обама бидејќи тие ги водат негови луѓе, кои работеа за него и без сомнеж му рапортираат на него,“ смета Самуелс, кој заклучува дека „персоналот е политиката“ дополнувајќи дека договорот е застрашувачки бидејќи функционира „вон уставната рамка“.

Па, дворски удар за да се замени Бајден со единствениот достапен Обама, иако далеку од револуционерен, ќе ја засили линијата на политички континуитет која се провлекува од 2008 до 2024, со изборот на Трамп како привремен исклучок. Г-ѓа Обама секогаш била одлична на анкетите. Таа има објавено два бестселера, еден биографија и еден со женска мудрост. Таа има служено во Белата куќа. Сите ја знаат, но за разлика од Трамп, успеа да задржи колку толку приватност. Таа негираше дека има каква било намера да се кандидира за претседател, меѓутоа тоа обично е сигурен знак дека некој е заинтересиран.

Што се однесува на тврдењата дека номинација преку ноќ е преголема фантазија и премногу Холивуд, зарем нашето чувство на „возможно“ не беше радикално проширено од Доналд Трамп? Противникот на г-ѓа Обама ќе мине голем дел од изборниот циклус во суд. Повеќе нема „нормално“ во американската политика.

Тим Стенли,
Телеграф

ИЗВОР: off.net.mk

MARKETING

MARKETING

Претходно

ФК Тетекс бара достапност до стадионите, ќе поведат постапки за дискриминација до институциите

Следно

Ковачевски: Доста е чмаење 30 години, граѓаните очекуваат одлука за својата европска иднина

Latest from Blog

Протест „Марш на ангелите“ во Кочани – семејствата на загинатите ја одбија поканата за средба со Мицкоски

Попладнево во кочани се одржува протестниот „Марш на ангелите“ на кој учествуваат родителите на загинатите во дискотеката „Пулс“ во кобната ноќ меѓу 16-ти и 17 март. Пред протестот родителите испратија соопштение во

Македонските каратисти на карате семинар во Виндзор

Македонските каратисти предводени од Венцислав, Дејан и Аљоша Недеви викендов учествуваат на врвен карате семинар во Винздор, Англија. Семинарот го водат Такаши Оиши 9 дан, шеф инструктор на Јапонија и повеќекратен светски

Трамп потпиша претседателски декрет со кој им се дозволува на имигрантите „бесплатен лет надвор од САД“

АНКАРА (АА) – Американскиот претседател Доналд Трамп потпиша претседателски декрет со кој им се дозволува на имигрантите во земјата „да летаат бесплатно надвор од САД“, известува Анадолу. Во соопштението на Белата куќа

Студентите од регионот заедно во Скопје, бараат меѓусебно признание на дипломите и независен инвестициски фонд

Иако доаѓаат од различни држави, студентите од регионот се соочуваат со слични проблеми. За да зборуваат за нив и да побараат решенија за предизвиците со кои се соочуваат, младите се собраа во

УАКС одбележува 20 години визија и посветеност на квалитетно образование по светски стандарди

Денес, со свечен настан на Универзитетот Американ Колеџ Скопје (УАКС), официјално започна одбележувањето на јубилејот – 20 години УАКС. На настанот се обратија претседателката на одборот на директори и проректор за настава
Go toTop