Мисајловски: Продуктивни консултации, потврдена македонско-американската одбранбена соработка

September 29, 2024
1 min read

Министерот за одбрана, Владо Мисајловски ја предводи македонската делегација во работната посета на Соединетите Американски Држави, придружуван од началникот на Генералштабот, генерал мајор Сашко Лафчиски.

Во Пентагон тој оствари низа средби меѓу кои и со Аманда Дори, потсекретар за одбранбена политика.

-Со задоволство можам да истакнам дека имавме продуктивни Консултации на кои што уште еднаш ја потврдивме македонско-американската одбранбена соработка, идните сојузнички приоритети, вклучувајќи ги учеството во заеднички вежби и обуки, придонесот кон глобалната безбедност и долгогодишното партнерство со Националната Гарда на Вермонт, вели Мисајловски за посетата на САД.

За време на посетата на САД, министерот оствари работни средби и со Алтон Буланд , директор за ЕУ и НАТО политика во Канцеларијата на секретарот за одбрана, и со генерал потполковник Џонатан Стабс, Шеф на бирото на националната гарда на САД.

ИЗВОР: kurir.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

ФОТО: Се ожени Буфон

Следно

Скопје, потценет скапоцен камен, на Балканот се гледа како на туристичка дестинација која дава многу повеќе за парите

Latest from Blog

Комерцијална банка доминираше со промет – неделата 23–27.03 со 73,54 милиони денари вкупен промет

Изготвен од Илирика Инвестментс АД Скопје врз основа на официјални податоци од Македонска берза. Во периодот 23.03.2026 – 27.03.2026, на Македонска берза беа реализирани 351 трансакција со вкупен промет од 73.536.409 денари
Go toTop